Папата Фрањо именува три жени во Дикастеријата за епископи

Папата Фрањо именува три жени во Дикастеријата за епископи

Како што неодамна најави Светиот Отец, три жени се именувани во Дикастеријата за епископи: с. Рафаела Петрини, с. Ивон Реунгоат и Марија Лиа Зервино.

Ова е првпат жени да бидат именувани во Дикастеријата за епископи – ватиканско тело што му помага на Папата во именувањето на епископи. Заедно со с. Рафаела Петрини, ФСЕ (генералнен секретар на државната управа на градот Ватикан), с. Ивон Реунгоат ФМА (поранешна генерална поглаварка на Ќерките на Марија Помошничка) и Марија Лија Зервино (претседателка на Светската унија на католички женски организации ).

Еве ја целосната листа на именувани членови објавена од Канцеларијата за печат на Светиот Престол на 13 јули:

– Кардинал Андерс Арборелиус, ОЦД (Надбискуп од Стокхолм)

– Кардинал Хозе Ф. Адвинкула (Надбискуп од Манила)

– Кардинал Хозе Толентино де Мендонса (архивар и библиотекар на Светата римска црква)

– Кардинал Марио Греч (генерален секретар на епископската синода)

– Кардинал Артур Рош (префект на Дикастеријата за богослужби и Свети Тајни)

– Именуваниот кардинал Лазаро Ју Хеунг-сик (префект на Дикастеријата за клер)

– Именуваниот кардинал Жан-Марк Авелин (надбискуп од Марсеј)

– Именуваниот кардинал Оскар Кантони (бискуп од Комо)

– Надбискуп Дражен Кутлеша (Надбискуп сплитско-макарски)

– Бискуп Пол Дезмонд Тиге (секретар на поранешниот Папски совет за култура)

– Отец Донато Ољари, ОСБ (опат на опатијата Сан Паоло фуори ле Мура и апостолски администратор на територијалната опатија Монтекасино)

– Сестра Рафаела Петрини, ФСЕ (генерален секретар на управата на државата град Ватикан)

– Сестра Ивон Реунгоат ФМА (поранешна генерална поглаварка на Ќерките на Марија Помошничка)

– Марија Лиа Зервино (претседател на Светската унија на католички женски организации).

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот