Свечена канонизација на папата Павле VI и надбискупот Ромеро

Свечена канонизација на папата Павле VI и надбискупот Ромеро

Канцеларијата за печат при Светиот Престол соопшти на 2 октомври 2018 година дека папата Фрањо на 14 октомври 2018 година ќе ги прогласи за свети папата Павле VI. и надбискупот Ромеро.

Покрај папата Павле VI. и салвадорскиот надбискуп Оскар Арнулф Рромеро Галдамеза за свети ќе бидат прогласени и Франческо Спинели, Винченцо Романо, Марија Катерина Каспер, Назарија Игнација од Светата Тереза од Детето Исус и Нунцио Сулприцио. Свеченоста за прогласување за свети на овие седум блаженици ќе се одржи на 14 октомври во 10.15 часот на просторот пред базиликата Свети Петар во Ватикан.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот