Ден на Богопосветениот живот: Повикани да бидеме синодална црква

Ден на Богопосветениот живот: Повикани да бидеме синодална црква

Во писмото за XXVI. Светски ден на Богопосветените лица, кардиналот Жоао Браз де Авиз и надбискупот Хозе Родригез Карбало поттикнуваат на размислување за зборот „учество“ во врска со неодамна започнатиот синодален од.

Денот на Богопосветениот живот, кој се слави на 2 февруари, ќе биде одбележан со света Литургија предводена од папата Фрањо во базиликата Свети Петар и ќе биде можност за средба обележана со верност кон Бог, која се покажува во радосната истрајност на многу посветени мажи и жени, стои во писмото на кардиналот Жоао Браз де Авиз, префект на Конгрегацијата за посветен и апостолски живот и секретарот на дикастеријата, надбискупот Хозе Родригез Карбало.

Учество во синодалниот од на Црквата

Во документот се посочува дека синодалниот пат, неодамна започнат на тема „За Синодална црква: Заедништво, учество и послание“, ја поканува секоја заедница на духовни звања на видлив израз на заедништво на љубовта. Размислувајќи за зборот „учество“, кардиналот Жоао Браз де Авиз и надбискупот Хозе Родригез Карбало ги поттикнуваат сите да се запрашаат: кои се сестрите, браќата што ги слушаме, а пред тоа зошто ги слушаме? Ова е прашањето кое сме повикани сите да си го поставиме – стои во писмото – затоа што не можеме да се наречеме заедница на духовни звања, а уште помалку заедница на живот, ако недостига нечие учество.

Затоа, сме повикани да се вклучиме во „одот“ на целата Црква во синодалноста, богатството на нашите харизми и нашите животи, без криење на напорот и раните. Така, учеството станува одговорност; не може да недостасуваме, не може да не бидеме меѓу другите и со другите, особено во овој повик да станеме синодална Црква.

Учество и соодговорност

Слушањето значи да се даде простор на другите во вашиот живот, да го сфатите сериозно она што му е важно – истакнуваат раководителот и секретарот на дикастеријата. Така, учеството зазема стил на соодговорност што, дури и пред организацијата и дејствувањето на Црквата, има врска со нејзината природа, заедништвото, и на нејзиното крајно значење: мисионерскиот сон да се допре до сите, грижа за сите, сите да се чувствуаме како браќа и сестри, заедно во животот и во историјата која е историја на спасението – се наведува во писмото на кардиналот Жоао Браз де Авиз и надбискупот Хозе Родригез Карбало.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот