Папата упати порака на Мисата задушница за американскиот новинар

Молиме за прекин на бесмисленото насилство и за враќање на мирот и помирувањето меѓу членовите на човечкото семејство – стои во пораката на Папата до присутните учесници на Мисата задушница, која на 25 август се служеше во Њу Хемпшир за американскиот новинар Џејмс Фолеј, кој на варварски начин е убиен од страна на џихадистите на Исламската држава во Ирак. Во пораката која е прочитана на крајот од Мисата, Папата пишува дека се придружува во болката на роднините, пријателите и колегите на американскиот новинар, гарантирајќи ја својата молитвена и духовна близина.

Мисата во црквата, во која одат родителите на Фолеј, ја служеше месниот епископ Петер Либаски. Тој истакна за силата која Џејмс и неговото семејство ја црпат од католичката вера. Исто така епископот во молитвата се сети и на другиот американски новинар, Стивен Сотлов, како и за киднапираните кои сѐ уште се во рацете ирачките џихадисти.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот