Папата Фрањо крсти шеснаесет деца во Сикстинската капела

Папата Фрањо крсти шеснаесет деца во Сикстинската капела

Папата Фрањо на 9 јануари 2022 година во Сикстинската капела крсти шеснаесет деца за време на светата Литургија на празникот Крштение Господово. Во својата проповед Светиот Отец ги потсети сите на нивната одговорност да им помагаат на децата да го зачуваат својот христијански идентитет низ животот.

Служејќи света Литургија во Сикстинската капела, папата Фрањо ја подели светата Тајна Крштение на шеснаесет деца – девет девојчиња и седум момчиња. Тоа се деца на вработени во Ватикан

Во кратката проповед Папата рече дека децата ќе го добијат својот христијански идентитет преку Светата Тајна Крштение. Улогата на родителите и кумовите е да им помогнат да го продлабочат и зачуваат тој идентитет во текот на животот. Тоа е секојдневен труд и посветеност, додаде Папата, нагласувајќи ја важноста да им се помогне на децата да растат со благословот на светлото, кој го добиваат на овој ден.

Потсетувајќи на литургиската химна за празникот Крштение Господово, Папата објасни дека проповеда за Изралескиот народ, кој отишол на Јордан со целосно разоткриени нозе и души, како знак на нашата потреба за Бога и Тој да нѐ очисти. Така и присутните деца се подготвени да добијат оправдување и сила од Бога да продолжат во животот со помош на родителите и кумовите, кои имаат одговорност да им помогнат да го зачуваат својот христијански идентитет.

Папата на крајот рече дека свеченоста била малку долга и дека родителите можат слободно да се погрижат децата да се чувствуваат удобно, како дома. Ако се гладни, мирно дојте ги овде, тоа за Господ не е проблем. Ако викаат или плачат, слободно нека го прават тоа, рече Папата, истакнувајќи дека тоа е нивен израз на духот на заедништво со присутните.

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот