Средба на претставници од Римската курија и германската бискупска конференција

Средба на претставници од Римската курија и германската бискупска конференција

Преставници на Римската курија и Германската бискупска конференција се сретнаа на 26 јули 2023 година во Ватикан, се наведува во заедничкото соопштение на Светиот Престол и германските бискупи.

Тоа беше продолжение на дијалогот започнат во текот на посетата Ad limina на германските бискупи во ноември 2022 година.

Имено, на средбата е договорено дека за теолошките и дисциплинарните прашања кои се појавија посебно на „синодалниот пат“ во Германија, ќе се расправа понатаму.

„Средбата помина во позитивна и конструктивна атмосфера“, се наведува во соопштението кое го објави Канцеларијата за печат на Светиот Престол. Најавуваат дека ќе следуваат и други состаноци.

Од Римската курија присуствуваа кардиналите Луис Ф. Ладарија Ферер, Курт Кох и Пиетро Паролин и надбискупите Филипо Ианоне, Роберт Ф. Превост, и Виторио Ф. Виола.

Во име на Германската бискупска конференција, учествуваа претседателот на конференцијата, бискупот Георг Бецинг, како и бискупите Стефан Акерман, Михаел Гербер, Бертрам Мајер и Франц-Јозеф Овербек – претседатели на бискупските комисии за литургија, за звања и за црковните служби, за општата Црква и за вера. Присутни беа и генералниот секретар д-р Беате Жил и портпаролот на бискупската конференција Матијас Коп.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот