Програма за Апостолското патување во Грузија и Азербејџан

На 12 септември 2016 беше објавена дополнетата програма за Папското апостолско патување  во Грузија и Азербејџан.

Во главниот град на Грузија, Тбилиси, папа Фрањо ќе допатува на 30 септември во 15.00 часот, а после свеченоста за пречек, во 15:30 во Претседателската палата ќе се сретне со претседателот на државата – Георги Маргвелашвили– а потоа треба да се состане со претставници на власта, граѓанските заедници и дипломатскиот кор. Во 16:00 Светиот Отец во резиденцијата на патријархатот ќе се сретне со Илија II, патријарх на цела Грузија, а потоа ќе се сретне со асирско-калдејската заедница во калдејската католичка црква свети Симон.

Следниот ден, на 1 октомври, Папата во 10.00 часот ќе ја предводи светата Литрургија на стадионот М. Мески, а во попладневните часови (15:45) е предвидена средба со свештениците, монасите, монахињите, семинаристите и пасторалните работници во црквата Успение на Пресвета Богородица. Во 17:00 часот папа Фрањо ќе се сретне со добротворните работнци во Каритативниот центар на отците камилијанци, а на крајот од вториот ден Папата ќе ја посети патријаршиската катедрала Светисковели.

Третиот ден од посетата, Светиот Отец ќе биде во главниот град на Азербејџан, Баку, каде што треба да пристигне во 9:30 часот. Светата Литургија во црквата Безгрешно зачнување на Пресвета Богородица во Салезијанскиот центар ќе ја предводи во 10:30, а потоа следи ручек во сализијанската заедница. После ручекот, ќе се одржи свечена церемноија за пречек на плоштадот пред Претседателската палата, а во 15:30 часот Папата ќе се сретне со претседателот на републиката, Илхам Алиев. Во 16:30 часот ќе го посети споменикот на жртвите кои го дале својот живот за назависноста, а во 17:00 часот ќе се сретне со претставниците на азербејџанската власт. Потоа следува приватна посета на шеикот ул-ислам Алахукур Пашазд, а своето апостолско  патување папа Фрањо ќе го заврши со меѓурелгиска средба во 18:00 часот на која – освен шеикот – треба да учествуваат и претставнции на другите верски заедници во таа земја.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот