Папата Фрањо донира медицинска опрема за католичка болница во Африка

Папата Фрањо донира медицинска опрема за католичка болница во Африка

Светиот отец Фрањо донираше медицинска опрема за католичката болница „Добриот Пастир“ во Ситеки, Свазиленд.

Донацијата вклучува два преносни респиратори, десет кутии хируршки маски и десет кутии маски N95 и оксиметри.

Гестот на Папата го коментираше бискупот Манзини Хозе Луис Џерардо Понсе де Леон на својот блог. Тој потсети дека од почетокот на пандемијата, Светиот Отец презеде активна и водечка улога, откажувајќи ги Генералните аудиенции и повикувајќи го светот на молитва. Ја истакна и „Statio Orbis“ – молитвата на Папата во осаменост на плоштадот Свети Петар на 27 март 2020 година, тврдејќи дека тоа е слика на свет кој доживува изолација, но во исто време слика за пастир кој останува со своето стадо. Монс. де Леон, исто така, потсети дека Папата е вакциниран и се застапува за рамноправна достапност на вакцините.

На овој начин, папата Фрањо стави акцент на „молитва, вакцинација и солидарност со здравствениот систем низ целиот свет“, напиша бискупот од Свазиленд, додавајќи дека се длабоко благодарни на Папата за ова, како и за неговата донација.

„Во овој момент, на ум ми доаѓаат зборовите на Исус од крајот на параболата за Добриот Самарјанин. „Оди и и ти прави така“. Примерот на Папата „не е само за верските водачи, туку и за сите нас: како „милсордни Самарјани“ денес сите ние сме повикани да се молиме, да ги почитуваме анти-епидемиолошките мерки, да се вакцинираме, да ги охрабриме другите и да ги поддржуваме оние што имаат потреба,” тој бискупот де Леон.

Бискупот на крајот ги благослови сите, вклучително и вработените во Католичката болница.

Во Свазиленд, земја со повеќе од милион луѓе, од почетокот на пандемијата има 34.000 случаи на инфекција со коронавирусот, а повеќе од 900 луѓе починале. Кога беа воведени построги мерки за две недели во јануари 2021 година, исто така беше спречено славење на света Литургија со народот. Досега, две дози од вакцината имаат примено 7% од населението.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот