Папата ја отвори Епископската синода посветена на младите

Папата ја отвори Епископската синода посветена на младите

Во проповедта на светата Литургија служена на плоштадот Свети Петар со која започна Синодата за младите, папата Фрањо ги поттикна синодските оци да ја оживеат својата ревност за Исус и да им ја пренесат на младите.

„А Утешителот, пак, Духот Свети, Кого што Отецот ќе Го испрати во Мое име, Он ќе ве научи на сè и ќе ви напомни за сè што сум ви зборувал“(Иван 14, 26) – со тие зборови од Евангелието според Иван папата Фрањо ја започна проповедта на светата Литургија која ја служеше на плоштадот Свети Петар, на 3 октомври 2018 година. Тоа евхаристиско славење го означи почетокот на XV. редовна Епископска синода, трета во понтификатот, која е посветена на младите, а се одржува на тема: „Младите, верата и расудување на звањата.“

На тој едноставен начин Исус на своите ученици им гарантира дека ќе го придружува во целото мисионерско дело кое ќе им биде доверено. Светиот Дух ќе биде првиот кој ќе го чува и во срцата на учениците секогаш ќе го одржува жив споменот на Учителот. Тој ќе направи богатството и убавината на Евангелието да бидат изворот на постојаната радост и новостите – рече Папата и ги поттикна сите на повик до Светиот Дух за – како што рече – на почетокот на тој милосен момент за целата Црква за да ни помогне да ги спомнеме и оживееме Господовите зборови од кои гореа срцата во нас (Лк 24, 32) и да пробудува воодушевување за Исус.

Нека тој спомен пробуди и ја обнови во нас способноста за сонување и за надеж – рече папата Фрањо и потсетувајќи на зборовите на пророкот Јоил додаде: Бидејќи знаеме дека нашите млади ќе бидат способни за пророштво и за виденија во таа мерка во која ние веќе возрасни или стари сме способни да сонуваме и така да им ги пренесеме и поделиме своите соништа и надеж кои ги носиме во срцето.

Запали пламен во срцето

Нека Светиот Дух ни подари милост да бидеме синодски оци помазани со дарот на соништата и надежта – рече потоа Папата во повикот со кој ја започна проповедта – за потоа да можеме да ги помазуваме нашите млади со дарот на пророштвото и виденијата. Нека ни даде милост да бидеме делотворно сеќавање, живо, делотворно кое од генерации на генерации не дозволува да го загушат и притиснат пророците на неволјите и несреќите, а ниту нашите ограничености, грешки и гревови, туку способно да пронајде простор за да запали пламен во срцето и да ги распознае патиштата на Светиот Дух.

Добредојде за двајцата епископи од Кина

Светиот Отец се осврна на синодските оци кои се дојдени од сите страни на светот, тргонат и со аплауз од верниците изрази добредојде на двајцата епископи од Кина кои за прв пат можат да учествуваат на една синода. Заедништвото на целиот епископат со Петровиот наследник сѐ уште е видливо благодарение на нивното присуство – истакна Папата, а потоа потсети на апостолскиот поттик „Evangelii Gaudium.“

Помазани во надежта – рече – започнуваме уште една црковна средба која може да ги прошири хоризонтите, да го рашири срцето и да ја преобрази структурата која денес нѐ кочи, нѐ разделува и нѐ одалечува од младите, оставајќи ги изложени на неволјите и лишени од заедницата на верата која ги поддржува, лишени од хоризонтите за смислата и животот.

Внимание кон ситуацијата во кои се наоѓаат младите

Надежта од нас бара одговор, нѐ поттикнува и го прекинува оној конформизам „така секогаш се правело“ и бара од нас да ги гледаме младите директно во лице, како и ситуациите во кои се наоѓаат – рече Папата и потоа додаде: Истата таа надеж бара од нас да работиме за да ги промениме ситуациите на несигурност, исклучување и насилство, на кои се изложени нашите млади.

Да не ги оставиме сами во рацете на бројните трговци со смрт

Младите кои се резултат на бројните одлуки донесени во минатото – објасни Папата – нѐ повикуваат заедно со нив, со повеќе залагање, да се ангажираме за сегашноста и да се бориме против она што на сите начини им пречи во развојот на достоинствениот живот. Осврнувајќи се на 34 млади на возраст од 18 и 29 години кои учествуваат на синодата како слушатели, учесници без право на глас, Папата рече дека тие од нас бараат креативност, интелигентна и воодушевувачка динамичност полна со надеж и да не ги оставиме сами во рацете на бројните трговци на смртта кои го притискаат нивниот живот и го затемнуват нивното гледање.

Да се слушаме едни со други без авто-референтност

Папата потоа ги поттикна епископите да се сослушаат едни со други за заедно да го разберат она што Господ го бара од својата Црква. Тоа бара од нас да бидеме внимателни и добро да внимаваме да не преовладее логиката на самоодржување и авто-референтност заради која на крајот она што е споредно станува важно, а она што е важно станува споредно – рече Папата и истакна: Важно е да го слушаме Бог за со Него да го слушнеме крикот на луѓето; треба да го слушаме народот за со него да ја дишеме волјата на која Бог нѐ повикува.

Синоските оци до младите: Изградете подобар свет!

Светиот Отец на крајот потсети и ги наведе зборовите од пораката на синодските оци до младите од шеесетите години од минатиот век, упатена преку блажен Павле VI на крајот од Вториот ватикански собор. Црквата сака – напишале епископите на 8 декември 1965 година – општеството кое ќе го градите да го почитува достоинството, слободата, правата на луѓето, а вие сте тие луѓе. Борете се против секое самољубие. Не дозволувајте да ве обземат нагони за насилство и омраза, кои поттикнуваат на војна и беда. Бидете великодушни, чисти, смирени, искрени. И градете со ентузијазам свет подобар од сегашниот! – напишале тогаш оците.

Ватикан њуз/к.м

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот