Папата Фрањо: Јосиф е човек што сонува

Папата Фрањо: Јосиф е човек што сонува

Не смееме да престанеме да сонуваме за иднината

Јосиф е човек што сонува, кој знае да следи во тишина – рече папата Фрањо за време на Литургијата во вторник 19 декември 2018 година во капелата на домот Света Марта, а во молитвите се присети и на децата со посебни потреби од Словачка, кои ги приготвија украсите за борот поставен покрај олтарот.

Светото Писмо ни го претставува свети Јосиф како праведен човек, кој го исполнува законот, работник понизен и вљубен во Марија – рече Папата и додаде: Најпрво, пред несфатливите работи многу повеќе сакал да се откаже, но Бог му го објавува неговото послание. Затоа Јосиф ја прифаќа својата задача и улога и го следи растот на Божјиот Син во тишина, без осудување, озборување и мрморење.

Барал место каде да се роди Исус, се грижел за него, му помагал во неговото растење, го учел на многу други работи, но во тишина – рече Светиот Отец и нагласи: Никогаш не го присвоил сопствеништвото над него, го пушта да расте во тишина. Да се пушти да расте, тоа би биле зборови кои би можеле и на нас да ни помогнат, кои по природа се мешаме во сѐ, а посебно во животите на другите. Зошто да се прави тоа? А после тоа започнува озборувањето. Меѓутоа Јосиф дозволува да расте. Чува и помага, но во тишина. Тоа мудро однесување може да се препознае кај многу родители.

Потребна е способност за чекање, да не викаме веднаш, па и по грешката -рече папата Фрањо и истакна: Неопходно е да се знае да се чека, пред да кажеме некој збор кој помага во растот: Да се чека во тишина како што тоа го прави Бог со своите деца за кои има многу трпение. Светиот Јосиф бил конкретен човек, но со отворено срце, човек што сонува, но не е сонувач. Сонот е привилегирано место за барање на вистината, затоа што таму не се браниме од вистината.

Јосиф е човек што сонува, но не е сонувач – повтори Папата и објасни: Не фантазирал. Сонувачот лебди во воздухот, нозете не му се цврсто на земјата. Јосиф стоел цврсто на земјата, но бил отворен. Не смееме да ја изгубиме способноста да сонуваме како би можеле со довереба да се отвориме за иднината, и покрај тешкотиите кои можат да се појават. Не смееме да престанеме да сонуваме за иднината. Секој од нас мора да го сонува своето семејство, своите деца и своите родители. Би требало да гледаме како ние сакаме да се одвива нивниот живот, да сонуваме како што сонуваат младите и во соновите го пронаоѓаат патот. Не смееме да ја изгубиме способноста за сонување, затоа што тоа значи да ја отвориме вратата за иднината и да бидеме плодни во иднината – рече на крајот Светиот Отец.

Ватикан њузк.мк.

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот