Почесниот папа Бенедикт ќе му придружи духовно на папата Фрањо во Рио

Ватикан, 20.7.2013 /к.мк/ – Во петок 19 јули околу 16.00 часот папата Фрањо го посети почесниот папа Бенедикт XVI во неговото живеалиште во манастирот Мајка на Црквата (Mater Ecclesiae) во Ватикан за да го замоли во текот на наредните денови да биде духовно близок и да го придружува со молитва на неговото патување во Бразил по повод Светскиот ден на млади во Рио де Жанеиро. Во соопштението од Канцеларијата за печат при Светата Столица се потсетува дека Светскиот ден на млади во Рио е свикан токму од почесниот папа Бенедикт XVI.

Папата Фрањо му подари на својот претходник брошура со програмата од Светскиот ден на млади во Рио, како и медалјон за сеќавање.

Почесниот папа Бенедикт XVI на својот наследник Фрањо му ја гарантира својата молитва на ова патување, сеќавајќи се на убавите искуства од минатите средби од Светските денови на млади во Келн, Сиднеј и Мадрид.

Средбата започна со молитва во капелата и продолжи со братски разговор кој траеше околу половина час. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<