Кардинал Крајевски во Украина

Кардинал Крајевски во Украина

Папскиот делител на милостина повторно отпатува во Украина во уште една хуманитарна мисија, но и да отвори куќа за грижа на жени и деца. Кардиналот е длабоко потресен од нападот врз структурата на Каритас во Лавов, во кои беше складирана помошта испратена од папата Фрањо за населението погодено од војната

Кардиналот Конрад Крајевски, Папски делител на милостина, во телефонскиот разговор со Радио Ватикан од Украина ја изрази својата голема тага – каде што повторно отпатува за да однесе помош и утеха од папата Фрањо – осврнувајќи се на нападот извршен ноќта меѓу понеделникот и вторникот на 19 септември врз магацинот на украинскиот Каритас – Спес во Лавов. Тоа е складиште што Дикастеријата за милосрдие честопати го користеше за доставување материјали што Папата ги дава на измаченото население. На пример, таму беа испратени генератори за електрична енергија, а потоа дистрибуирани во областите кои се најизолирани поради конфликтот. Каритас извести дека магацинот и се во него е срамнето со земја; притоа се уништени околу 300 тони хуманитарна помош. За среќа, во нападот нема жртви.

Нова мисија

Кардиналот Крајевски се наоѓа во областа Лавов бидејќи покрај доставувањето помош, планирано е и отворање на прифатна куќа за жени и деца. Ова прибежиште е изградено благодарение на поддршката на папата Фрањо и бројни донатори, а со него ќе управуваат монахињите Албертинки.

Оваа куќа е изградена за време на конфликтот – стои во соопштението за печат на Дикастеријата за милосрдие – за да им даде поддршка на бројни луѓе кои избегаа од бомбардираните места, а кои не сакајќи да ја напуштат земјата, побараа засолниште во Лавов. Таму, во соодветно опремени соби, ќе се сместат самохрани мајки со нивните деца и бездомници. Внатре во структурата – се наведува во соопштението – предвидена е и народна кујна за сиромашните за да им се обезбеди топол оброк и гостопримливо место. Папскиот делител на милостина кардиал Крајевски ќе ја отвори куќата во име на папата Фрањо во знак на поддршка и близина со луѓето кои се принудени да побегнат поради конфликтот и ќе им го пренесе апостолскиот благослов.

Кардиналот Крајевски планира да посети и повеќе заедници кои примаат бегалци за да им се заблагодари на волонтерите и на сите што им помагаат на настраданите и сиромашните луѓе кои се далеку од својот дом – се истакнува во соопштението на Дикастеријата за милосрдие.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот