Генерална аудиенција: Мирот кој го донесува Исус никогаш не е вооружен мир

Генерална аудиенција: Мирот кој го донесува Исус никогаш не е вооружен мир

Папата предупреди дека мирот кој ја следи стратегијата на светот, логиката на моќта и насилството е само интервал помеѓу војните. Напротив, Христос го донесува вистинскиот мир следејќи го патот на кроткоста и крстот. Божјиот мир во светот се донесува со „оружјата“ на Евангелието: со молитвата, нежноста, прошката и љубовта дадена во слобода за ближниот.

На Генерална аудиенција во среда 13 април 2022 година, Папата нагласи дека сите војни претставуваат злосторство против Бог во кое се избира лицето на лажниот бог на светот наместо кроткото лице Исусово. Како што кажа: војната секогаш е човечко дело кое доведува до идолопоклонство на моќта. Напротив, вистинскиот мир кој го донесува Христос не е резултат на некаков компромис, туку произлегува од себедарувањето.

На Цветници видовме како Исус свечено влегува во Ерусалим, пречекан како Месија. Народот слави затоа што во Исусовото влегување гледа доаѓање на нов цар кој ќе донесе мир и слава. Мирот кој луѓето го очекувале, објасни Папата е величествен мир, резултат на царска интервенција, мир на моќен месија кој ќе го ослободи Ерусалим од римската окупација. Други пак веројатно сонувале за обнова на општествениот мир и во Исус гледале идеален цар кој ќе го нахрани мноштвото со леб, како што веќе тоа го правел и прави големи чуда донесувајќи така правда во светот.

Но, Исус никогаш не зборува за тоа, нагласи Папата. Пред него е поинаква Пасха, не е триумфална Пасха. Единствено до што му е дојдено во подготовката за неговото влегување во Ерусалим е „врзано осле, кое ниеден човек не го јавал“ (Лука 19,30) на тој начин Христос донесува мир во светот: со кроткоста и благоста, кои ги симболизира врзаното осле кое никој не го јавал, објасни Светиот Отец. Никој не го јавал затоа што Божјиот начин на делување е поинаков од оној на светот. Непосредно пред Пасха, Исус им кажува на учениците: „Мир ви оставам; мирот Свој ви го давам; Јас ви го давам не како што го дава светот.“ (Иван 14,27) Тие се два различни начини – начин на кој светот дава мир, и како што Бог ни го дава мирот, нагласи Папата.

Мирот кој Исус ни го дарува на Велигден, продолжи не е мир кој ја следи стратегијата на светот, кој верува дека тоа ќе го постигне со сила, со освојувања и со разни облици на наметнување. Таквиот мир е всушност само интервал меѓу војните. Господовиот крст го следи патот на кроткоста и крстот, тој ја презема грижата за другите. Навистина, Христос го презеде на себе нашето зло, гревот и нашата смрт. Неговиот мир, истакна папата Фрањо не е резултат на некој компромис, туку доаѓа од себедарувањето. Тој благ и храбар мир меѓутоа е тешко да се прими, рече Папата, потсетувајќи дека истата толпа која го поздравувала Христа, после неколку дена викала „распни го.

Папата во катехезата се присети на приказната на Достоевски за „големиот инквизитор“ од Браќата Карамазови кој го затвори Исус кога се вратил на земјата. Инквизиторот ја претставува „световната логика“ и го осудува Христос затоа што не ја прифатил световната моќ. Тоа е измама која се повторува низ историјата, рече Папата, искушението на лажниот мир заснован на моќта, што потоа води до омраза и предавство на Бог.“

Мирот кој Исус го донесува не доминира над другите, продолжи Папата. Тоа не е вооружен мир. Оружјето на Евангелието, истакна се молитвата, нежноста, прошката и љубовта дадена во слобода за ближниот. На тој начин, рече, се донесува Божјиот мир во светот.

Од друга страна војната не е само актуелен конфликт, туку сите војни претставуваат како што рече Папата злосторство против Бог, богохулно предавство на Господ на Пасха, избирање повеќе на лицето на лажниот бог на овој свет наместо кроткото лице Исусово. Војната секогаш е човечко дело кое доведува до идолопоклонство на моќта нагласи.

Папата Фрањо во катехезата напомена дека Исус пред последната Пасха на своите ученици им рекол да не се вознемируваат и да не се плашат. Иако световната моќ остава зад себе смрт и уништување, Христовиот мир ја гради историјата, започнувајќи во срцето на секој човек кој го прифаќа. Затоа кажа Папата се радуваме на Велигден како вистински празник на Бог и човештвото затоа што ни го дава Христовиот мир кој го стекнал на крстот, дарувајќи се себе самиот.’

Светиот Отец го заврши своето размислување со напомена дека италијанскиот збор за Велигден „Pasqua“, значи „премин“. Ова година е благословена прилика од световниот бог да преминеме на христијанскиот Бог, рече Папата, од алчноста која ја носиме во себе до љубовта која нѐ ослободува, од очекувањето на мирот постигнат со сила во посветеност на реално сведочење на Исусовиот мир. Ги повика сите да се стават пред распнатиот, изворот на нашиот мир и да го замолат за мир во срцата и за мир во светот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот