Папата: Светиот Дух ѝ дава живот на Црквата

Папата: Светиот Дух ѝ дава живот на Црквата

На Генералната аудиенција, папата Фрањо продолжи со серијата катехези посветени на евангелизацискиот ентузијазам, делување која е возможно само благодарение на Светиот Дух: „Тој е иницијатор на евангелизацијата“. Секоја верска традиција е корисна доколку ја олеснува средбата со Исус, рече Папата и предупреди: „Тажно е да се гледа Црквата како парламент. Ако се прибегне кон идејата за десница, левица или центар, се формира партија, клуб“.

Пред сѐ Светиот Дух. Зашто, без Духот, сè останува без душа, а Црквата, ако не му се моли и не го повикува, се затвора во себе, во стерилни и исцрпувачки расправи, во штетни поларизации, додека пламенот на мисијата се гаси. Накратко, Црквата станува парламент, а Евангелието се сведува на идеологија – истакна папата Фрањо на Генералната аудиенција во среда 22 февруари 2023 година, продолжувајќи ја серијата катехези за евангелизацискиот ентузијазам, делување – како што рече – е возможно само со силата на Духот кој ги подготвува срцата. Тој е иницијатор на евангелизацијата.

Најпрво искуството на Духот, а потоа испитувања, анализи, жалби

Обраќајќи им се на верниците собрани во салата Павле VI. во Ватикан, Папата се обрати со зборовите потребни на Црквата на сите страни на светот. Да почнеме и да почнеме повторно, како Црква, од Светиот Дух.

Несомнено е важно во нашите пасторални програми да тргнеме од социолошки истражувања, анализи, списоци на тешкотии, очекувања и поплаки. Меѓутоа, многу поважно е да се тргне од искуствата на Духот; тоа е вистинската почетна точка. Затоа, треба да се бараат, наведат, проучуваат, интерпретираат.

Првиот собор

Навистина, во Дела на светите Апостоли на секоја страница можете да видите дека главниот протогонист на навестувањето не е Петар, ниту Павле, ниту Стефан или Филип, туку Светиот Дух. Освен тоа во Делата се зборува за еден клучен момент на почетокот на Црквата, која – и тогаш како и сега – доживеала неволји, убави моменти и помалку убави со утеха. Нејзината посебна грижа била како да се однесува со паганите кои почнале да веруваат, оние кои на пример, не припаѓаат на еврејскиот народ. Дали морале да ги почитуваат законите на Мојсеј или не? Тоа не беше мала работа за тие луѓе – забележа Папата.

За да го увидат и разрешат сомнежот, апостолите се сретнаа на Првиот собор во историјата, Ерусалимскиот собор. Може да се бара добар компромис помеѓу традицијата и иновативноста; некои правила се почитуваат, некои се занемаруваат. Меѓутоа, апостолите не ја следат оваа човечка мудрост, туку се прилагодуваат на делото на Духот кој им претходел.

Евангелието не е политичка партија

Затоа, отстранувајќи ја речиси секоја обврска поврзана со Законот, учениците ги соопштуваат конечните одлуки кои – како што пишуваат – „Светиот Дух и ние заклучивме“.

Заедно, не делејќи се, и покрај различните чувства и мислења, тие го слушаат Духот. Тој поучува нешто што важи и денес: секоја верска традиција е корисна ако ја олеснува средбата со Исус.

Секоја верска традиција е корисна ако ја олеснува средбата со Исус – повтори Папата и предупреди на идеолошките поделби. Но, каде е Светиот Дух? Внимавајте, бидејќи Евангелието не е идеја, идеологија; тоа е навестување што те допира и го менува твоето срце. Но, ако прибегнете кон идеја, десна, лева или центар, го претворате Евангелието во политичка партија, идеологија, клуб.

Принципот за навестување

Секоја постапка и одлука на Црквата и во Црквата треба, имено, да поаѓа од принципот за навестување: Во Црквата сè мора да се усогласи со потребите за навестување на Евангелието; не со мислењата на конзервативците или прогресивците, туку со фактот дека Исус влегува во животот на луѓето. Поради оваа причина, секоја одлука, секоја употреба, секоја структура и традиција треба да се оценува до степен до кој тие го поддржуваат навестувањето на Христос.

Евангелието секогаш ја дава слободата на Духот што делува и води напред – додаде Папата, истакнувајќи дека многу е потребно денес во рака да се земе слободата на Евангелието и да се дозволи Духот да нѐ води напред.

Без Духот, сè е без душа

Духот е светлината што ја води Црквата: тој внесува јасност, помага да се разликува, да се распознава. Затоа треба често да се повикува; да го направиме тоа денес, на почетокот на Великиот пост – поттикна Римскиот епископ.

Како Црква можеме да имаме точно одредено време и простор, добро организирани заедници, институции и движења, но без Духот сè останува без душа.

Тажно е да се гледа Црквата како да е парламент

Многу е тажно да се гледа Црквата како да е парламент – забележа потоа Папата. Црквата е нешто друго; тоа е заедница на мажи и жени кои веруваат и го навестуваат Исус Христос, но поттикнати од Светиот Дух, а не од нивните сопствени причини. Затоа е потребно да се започне и да се движи одново од Светиот Дух – предупреди Папата, повикувајќи се на зборовите на кардиналот Карло Марија Мартини, кој рече дека прво Духот е тој што утешува, оживува, просветлува, движи; потоа ќе дојде и пустош, страдање, темнина, но принципот за снаоѓање во темнината е светлината на Светиот Дух. Тоа е принципот за ориентација во работи кои не ги разбираме, во збунетост и во многу темни моменти.

Дали се молам на Светиот Дух?

Да се обидеме да се запрашаме, секој од нас, дали се отвораме за тоа светло, дали му даваме простор; дали го повикуваме Светиот Дух? Секој сам нека си одговори – ги охрабри папата Фрањо верниците, поставувајќи го на крај прашањето: Дали се молам на Светиот Дух?

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот