Папата се молеше за надминување на поделбите

Папата се молеше за надминување на поделбите

Папата Фрањо на литургијата на 14 април 2020 година во домот Света Марта молеше за милост во оваа тешко време за надминување на поделбите. Во проповедта истакна како да се обратиш што значи повторно да бидеш верен, а тоа е однесување кое во нашиот живот не е така често. Верноста е според збороите на Папата, потребна и во убавите и во лошите времиња, потребна е верност кон Бог и едни кон други.

Да се молиме Господ да ни даде милост за единство. Да го откриеме во тешкотиите на ова време заедништвото, единството кое е секогаш над секоја поделба – рече Папата Фрањо на почетокот на утринското литургиско славење во домот Света Марта. Во проповедта го коментираше првото читање од денешната литургија, земено од Делата на светите Апостоли (2,36-41), во кое се говори за Петар кој отворено им кажува на Евреите дека Бог го создал Господ и Христос оној Исус ,кого тие го распнале. Кога го слушнаа тоа, многумина, биле длабоко потресени, го прашале Петар и останатите апостоли: “Што да правиме?”

Петар е јасен: обратете се. Променете го животот. Вие, кои сте го примиле Божјото ветување и кои сте се оддалечиле од Божјиот закон, меѓу идолите… обратете се. Вратете се на верноста – рече Папата и истакна: Да се обратите значи да се биде повторно верен. Верноста е човечко однесување кое не е така вообичаено во животот на луѓето. Секогаш има илузии што привлекуваат внимание, а ние често сакаме да одиме по нив. Напротив – според зборовите на Папата – потребна е верност; и тоа во убавите и во лошите времиња.

Тогаш Светиот Отец даде пример на кралот Ровоам, од Втора книга на Летописи. Кога го утврдил кралството и зајакна, кралот Ровоам се почуствува сигурен и го напушти „Јахвиниот закон, а и целиот Израел со него“. Така вели Библијата. Тоа е историски настан, но е универзален – истакна Папата. Често и ние, кога се чуствуваме сигурни, почнуваме да ги создаваме своите планови и полека да се оддалечуваме од Господ; не остануваме во верноста. Меѓутоа, мојата сигурност не е онаа која ми ја дава Господ. Таа е идол. Тоа му се случи на Ровоам и израелскиот народ – напомена Папата. Се чуствуваше сигурен, се оддалечи од законот и почна да ги почитува идолите. Личната сигурност ја отвора вратата на идолите.

Дали е лоша сопствената сигурност? – праша Папата Фрањо и додаде: Не, таа е милост. Но, само кога сум сигурен дека Господ е со мене. Кога сум во центарот на таа сигурност, се оддалечувам од Господ, како кралот Ровоам; станувам неверен. Тешко е да се сочува верноста. Целата историја на Израел, и историјата на Црквата е полна со неверност. Полна е со себељубие, сопствените сигурности поради кои Божјиот народ се оддалечува од Господ, ја губи верноста, ја губи милоста на верноста. Па и меѓусебно, луѓето не се верни едни кон други: – забележа Папата и на крајот се осврна на Евангелието од денешната литургија кое зборува за Воскреснатиот Исус и Марија Магдалена.

Во Евангелието се зборува за иконата на верноста; – рече Папата – на онаа верна жена која никогаш не заборавила се што Господ направил за неа. Беше таму, верна, пред трагедијата, но поради својата верност дури мислела дека е способна  да го носи Исусовото тело… (сп Иван 20,15). Жена слаба, но верна. Жена верна и пред гробот, пред губење на илузиите, која станала апостол на апостолите.

Да го молиме денес Господ за милост на верноста; да му се заблагодариме кога ни дава сигурност, но никогаш да не мислиме дека се тоа “наши” сигурности, и секогаш да гледаме подалеку од сопствените сигурности. (…) Верност, која секогаш останува, но е тешко да се одржи. Нека ја чува Господ – рече на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот