Дар од Небото? Папата прими неочекуван дар од Малата Тереза

Во текот на летот за Филипините, папата Фрањо се заблагодари на новинарка од Франција која му дала икона на света Тереза на Детето Исус, велејќи дека наместо вообичаениот одговор кога му донесува роза, овој пат света Тереза самата дојде.

„Кога не знам како некои работи ќе се решат, имам обичај да ја замолам света Тереза на Детето Исус да го преземе тој проблем во своите раце и ако тоа го направи и велам да ми испрати роза“, раскажа Папата на новинарите во летот од Шри Ланка кон Филипините.

„Исто така ја молев да се заземе за ова патување и нека ми испрати роза. Но, наместо роза, таа самата дојде да ме поздрави“, рече Светиот Отец.

Сликата на Малата Тереза која на Папата му ја даде новинарката Каролине Погоци, направена е од месинг и сребро.

Откако ја прими сликата Папата се заблагодари за дарот: „Ти благодарам Каролине, ѝ благодарам на Малата Тереза и на сите вас!“

Лаудато/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот