Бискупот Стојанов со видео катехези се вклучува во пасторалните активности на парохиите

Бискупот Стојанов со видео катехези се вклучува во пасторалните активности на парохиите

Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов на 2 декември 2023 година упати допис до свештениците, воедно испраќајќи ја првата од трите катехези за божиќниот пост, Адвент, со која се придружува и вклучува во пасторалните активности во парохиите, давајќи го својот придонес во катехизацијата на верниот народ во овој божиќен пост.

Епископот Стојанов повикува во парохиите да се организираат средби на кои ќе бидат прикажани видео катехезите, а потоа да се даде можност заедно со верниците да се продискутира за одредени аспекти од катехезата и да бидат надополнети со лични размислувања.

Начинот на кој ќе се организираат одржувањето на овие видео катехези епископот Стојанов го препушта на самите пароси.

Тој препорачува видео катехезите за верниците во Скопска бискупија да се одржуваат еднаш неделно односно првата катехеза да се одржи во периодот од 3 до 9 декември 2023 година, втората во периодот од 11 до 16 декември 2023 година и третата во периодот од 18 до 23 декември 2023 година.

За верниците во Струмичко – скопската епархија, епископот Стојанов препорачува да се одржуваат на две недели и тоа првата катехеза во периодот од 4 до 16 декември 2023 година, втората во периодот од 18 до 30 декември 2023 година и третата катехеза во периодот од 1 до 5 јануари 2024 година

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот