Несекојдневен настан во Паљурци: Црквата на Чуката обвиена во силна светлина

Несекојдневен настан во Паљурци: Црквата на Чуката обвиена во силна светлина

Во недела 10 јули 2022 година, за време на Молебенот кој го предводеше Н.В.П. монс. Киро Стојанов во Паљурци, од местото каде што ќе се гради црквата „Свети Павле“ можеше да се види несекојдневен настан. Според очевидци од почетокот на Молебенот па сѐ до крајот на молитвата можеше да се види како црквата „Пресвета Богородица Утешителка“ на Чуката беше обивена во силна светлина. Веднаш откако заврши Mолебенот светлината исчезнала.

Еден од присутните верници истакнува дека Богородица се радува на молитвата и ни го даде овој прекрасен знак. Некои од верниците ни испратија фотографии кои ги објавуваме.

Епископот Шанов во 1908 година во Паљурци го посветува македонскиот народ на Пресвета Богородица Утешителка, а во мај 2018 година епископот Стојанов го благослови возобновеното светилиште Мајка Божја Утешителка.

Паљурци за голем број верници е место на молитва, каде што Пресвета Богородица ги услишува молитвите.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот