Папата го посети миланскиот затвор Сан Виторе

Папата го посети миланскиот затвор Сан Виторе

Откако на катедралниот плоштад заедно со присутниот народ ја измоли молитвата Ангел Господов, Светиот Отец заедно со Анџело Скола, надбискуп на Милано се упати кон затворот Сан Виторе.

Таму Папата го пречека подрачниот управител на ломбардискиот, пиемонтски и лигуриски затвор, Луиџи Пагано, управителката на затворот Сан Виторе, Глорија Манцели; главната на затворот Мануела Федерико и затворскиот капелан дон Марко Рекалкати.

Папата Фрањо потоа го поздрави затворскиот персонал, затворската адинистрација и полиција, а потоа појде во обиколка на различните делови на затворот за лично да се сретне со затворениците. Ручекот со затворениците започна во 12.30 часот, а по завршувањето на ручекот Светиот Отец се упати кон паркот Монца, каде ќе го предводи свеченото литургиско славење.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот