Папата Фрањо: Литургијата треба да биде за целиот Божји народ

Папата Фрањо: Литургијата треба да биде за целиот Божји народ

Папата Фрањо се сретна во четврток, 8 февруари во салата Павле VI. во Ватикан со членовите на Дикастеријата за богослужби и дисциплина на Светите Тајни, потсетувајќи ги дека Црквата не може да се реформира без реформирање на Литургијата, која треба да биде за целиот Божји народ.

Во четврток, 8 февруари, папата Фрањо се сретна со членовите на ватиканската Дикастерија богослужби и дисциплина на Светите Тајни, кои се собраа на пленарно собрание.

Светиот Отец го започна својот говор со напомена дека Sacrosanctum Concilium, дури и шеесет години по неговото објавување, сè уште е многу актуелен. Содржи, прецизната волја за реформирање на Црквата во нејзините фундаментални димензии: христијанскиот живот на верниците да расте секој ден сè повеќе и повеќе; институциите кои се предмет на промени подобро да се прилагодат на потребите на нашето време; да се поттикне она што може да придонесе за единството на сите верници во Христа; и да го оживее она што служи за повикување на сите во прегратките на Црквата.

Затоа, тоа е длабоко дело на духовна, пасторална, екуменска и мисионерска обнова, рече Папата и додаде дека црковните отци се свесни дека нема реформа на Црквата без литургиска реформа.

Папата Фрањо потоа објасни дека реформата на Црквата зависи од љубовта на Црквата кон Христа, како „верноста на брачниот другар“, до точка на целосна сообличување со Христос.

Црквата како жена

Зборувајќи за улогата на жената во Црквата, папата Фрањо ја истакна важноста што самата по себе Црква е жена. Затоа реков дека секој случај на црковна реформа е секогаш прашање на „верност на брачниот другар“, бидејќи таа (Црквата) е жена, нагласи тој.

Целта на литургиската реформа – во пошироките рамки на обновата на Црквата – е токму да се реализира формација на верниците и да се промовира она пасторално делување чиј врв и извор е светата Литургија, рече Папата.

Папата Фрањо понатаму истакна дека, иако е неопходна литургиската формација, не исклучува дека има приоритет во формацијата на оние кои по Светата Тајна ракополагање се повикани да бидат мистагози, односно учители на мистиката.

Заеднички напор

Во духот на синодалната соработка меѓу дикастериите, Римскиот бискуп изрази желба прашањето за литургиска формација на ракоположени служители да се реши заедно со Дикастеријата за култура и просвета, Дикастеријата за клер и Дикастеријата на институти за посветен живот и Друштва на апостолскиот живот, за да може секој да даде свој посебен придонес.

Потребно е да се обезбеди формација на ракоположени служители, исто така, сè повеќе да има литургиско-сапиенцијален печат, рече Папата, како во наставната програма на теолошките студии, така и во животното искуство во семинариите.

Мислете на целиот Божји народ

Завршувајќи го своето обраќање, папата Фрањо истакна дека додека подготвуваме нови начини на формација на служителите, во исто време треба да размислуваме и за она што е наменето за Божјиот народ. Првите конкретни можности за литургиска формација се неделите и празниците кои се празнуваат во текот на целата литургиска година – истакна Папата.

Други моменти во кои верниците повеќе учествуваат во славењата и нивната подготовка, Папата ги истакна патроните празниции и Светите Тајните на христијанската иницијација, кои можат да бидат и моменти за литургиска формација на сите крстени.

Тој додаде дека доколку се подготвуваат со пасторална грижа, стануваат добри можности за верниците повторно да го откријат и продлабочат значењето на денешното славење на спасителното таинство.

На крајот папата Фрањо ги потсети присутните дека нивната задача е голема и убава. Поради ова, тој на крајот искажа благодарност, упатувајќи го својот апостолски благослов.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот