Папата изрази близина со жртвите од поплавите во Пакистан

Папата изрази близина со жртвите од поплавите во Пакистан

Пред молитвата Ангел Господов во Аквила, папата Фрањо изрази близина до жртвите од поплавите во Пакистан, и се молеше за Украина и за сите народи кои патат од војна.

На крајот од светата Литургија кај базиликата Santa Maria di Collemaggio, папата Фрањо се заблагодари на сите кои вложиле труд за организацијата на средбата и ги поздрави сите учесници – оние кои кои можеа да учествуват со физичко присуство или од далечина, од дома или во болниците или во затворите.

Папата во италјанскиот град, кој во 2009 година претрпе разорен земјотрес се присети и на бројните Пакистанци кои беа принудени да побегнат од своите домови заради катастрофалните поплави.

„На ова место кое претрпе голема несреќа, сакам да ја загарантирам својата близина со населението на Пакистан кое е погодено од поплави од катастрофални размери. Се молам за бројните жртви, за ранетите и раселените и меѓународната солидарност да биде подготвена и великодушна.“

Пред молитвата Ангел Господов, Папата уште еднаш ја повика Мајка Божја да измоли прошка и мир за целиот свет.

„Да молиме за украинскиот народ и за сите народи кои патат од војните. Нека Бог на мирот во срцата на водачите на народите оживи човечко и христијанско чувство на побожност, милосрдие.“

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот