Папата Фрањо и почесниот Папа со пофалби за Вартоломеј I

Папата Фрањо и почесниот Папа со пофалби за Вартоломеј I

Папата Фрањо и почесниот папа Бенедикт XVI во своите прилози за зборникот по повод 25 годишнината од служата на цариградскиот екуменски патријарх Вартоломеј I го пофалија како човек на вера и градител на мостови. Текстовите ги објави ватиканскиот весник Осерваторе Романо.

Папата Фрањо го опишува цариградскиот патријарх како човек кој како личност и со своето делување ја покажува целата длабочина на човечкото и духовното искуство на православната традиција. Папата пишува дека средбите со патријархот ја „зацврстиле нивната духовна близина“ и ја продлабочиле „заедничката свест за нашата пасторална одговорност“ со оглед на актуелните предизвици на христијаните и човештвото. Светиот Отец гледа дека двете Цркви ја споделуваат желбата за единство и за градење на поправеден свет како и за грижата околу заедничкиот дом. Според Папата Вартоломеј I покажува длабоко сочувство кон моменталното страдање на човештвото и гледа дека двајцата тежнеат за градење на „нова цивилизација на љубов и солидарност“ наспроти насилството, неправдата и дискриминацијата во светот.

Почесниот папа Бенедикт XVI во својот прилог го опишува патријархот Вартоломеј како „вистински екуменски патријарх.“ Бенедикт XVI истакнува дека посебно го трогнало што тој и патријархот останале блиско поврзани и по неговото повлекување.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот