Рускиот митрополит Антониј го поздрави Папата

Рускиот митрополит Антониј го поздрави Папата

На плоштадот Свети Петар во среда 3 мај 2023 година, за време на Генералната аудиенција беше присутен раководителот на Одделот за надворешни црковни работи на Московската патријаршија, митрополитот Антониј. Ден претходно тој се сретна со надбискупот Клаудио Гуџероти, раководител на Дикастеријата за Источни цркви.

Волоколамскиот митрополит Антониј, раководител на Одделот за надворешни црковни работи на Московската патријаршија, беше присутен на плоштадот Свети Петар за време на Генералната аудиенција, а седеше до кардиналот Лазар Ју Хеунг-сик, раководител на Дикастеријата за клер.

На крајот од аудеинцијата, тој го поздрави Папата, задржувајќи се во срдечен разговор. Папата Фрањо, како што обично прави на ваквите средби, ја бакна панагијата, медалјон со икона на Богородица што православните митрополити ја носат на градите. Светиот Отец потоа на Митрополитот му врачи медалјон со неговиот понтификат, додека митрополитот Антониј на Папата му подари панагија.

Митрополитот ден претходно во Рим се сретна со надбискупот Клаудио Гуџероти, раководител на Дикастеријата за Источни цркви. Како што е објавено на веб-страницата на Одделот за надворешни црковни работи на Московската патријаршија, митрополитот Антониј дојде во Италија на 1 мај „со благослов“ на московскиот патријарх Кирил во „кратка работна посета“. На средбата со надбискупот Гуџероти, одржана во седиштето на дикастеријата, се разговараше за широк спектар на прашања од заеднички интерес – како што е наведено на споменатата веб-страница.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот