Папата подари респиратори на Епископската конференција на Замбија

Папата подари респиратори на Епископската конференција на Замбија

Светиот Престол испрати до Епископската конференција на Замбија три респиратори и заштитна медицинска опрема.

Донацијата минатата недела во име на Папата ја испорача апостолскиот нунциј во Замбија и Малави надбискупот Џанфранко Галоне – се наведува во соопштението објавено на интернет страницата на Здружението на членовите на епископските конференции на Источна Африка.

Трите респиратори се наменети за Меморијалната болница „Кардинал Адам“ во Лусаки, за мисионерска болница во Чилонга во провинцијата Мучинга и за мисионерската болница „Свети Доминик“ во провинцијата Копербелт. Со тој дар папата Фрањо сака да даде мал придонес за да им помогне на оние кои страдаат и немаат средства за лекување – објасни нунциј Галоне и додаде дека Светиот Отец е загрижен и за оние кои останале без работа и повеќе немаат ниту за храна.

Подарената медицинска опрема ја прими монс. Мосес Хамунголе епископ на Монцеа кој заблагодарувајќи се на Светиот Отец во име на Епископската конференција на Замбија рече дека респираторите ќе бидат користени за најкритичните пациенти во трите католички болници. На примопредавањето присуствуваше и постојаниот секретар на Министерството за здравство на Замбија Кенеди Малама, кој во таа прилика го истакна важниот придонес на локалната Црква во соочувањето со моменталната вонредна здравствена ситуација.

Црквата во Замбија веднаш се мобилизираше за да ја подржи програмата за помош која ја покрена владата во Лусаки. Во април Епископската конференција основаше посебен фонд за финансирање на превенција и помош на заболените, но и на старите, лицата со ментални и физички оштетувања, сираците и најзагрозените. Освен тоа, Провинцијата на Дружбата Исусова во Замбија- Малави покрена нова програма за поддршка на најзагрозените општествени групи кои најмногу трпат заради последиците од пандемијата. Според последните службени податоци во Замбија има намалку 1.089 случаи на заразени со коронавирус, од кои 912 луѓе се оздравени, додека 7 починаа.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот