Перес ќе се сретне со папата Фрањо

Ватикан, 22.4.2013 /к.мк/ – Во сабота, 20 април, Ватикан потврди дека Израелскиот преседател Шимон Перес ќе се сретне со папата Фрањо. Во интервју за Радио Ватикан латинскиот Патријарх од Ерусалим Фуад Твал, изјави дека средбата ќе се одржи на 30 април во Ватикан. Една од темите за разговор ќе биде преговорите помеѓу Израел и Ватикан за прашања поврзани со даноците, како и за имотите кои се во сопственост на Црквата, а се наоѓаат во Светата земја. Исто така е возможно и патување на Светиот Отец во Светата земја. Цариградскиот патријарх Вартоломеј I во март ова година го покани Светиот Отец наредната година заеднички да ја посетат Светата земја. Во јануари 2014 година се навршуваат 50 години од историската средба помеѓу папата Павле VI и тогашниот цариградски патријарх Атенагора.

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<