Папата до христијанските парови: Бидете домашна Црквa

Папата до христијанските парови: Бидете домашна Црквa

Акила и Прискила еврејски брачен пар кој свети Павле ги сретнал во Коринт се примерот кој папата Фрањо го даде на христијанските парови и воопшто на сите лаици, на Генералната аудиенција која се одржа на 13 ноември 2019 година, а на која продолжи да размислува за Делата на светите Апостоли.

Пред Генералната аудиенција која се одржа на плоштадот Свети Петар, Папата во салата Павле VI поздрави околку 250 болни кои од таму ја следе катехезата.

Фокусот на катехезата повторно беа Делата на светите Апостоли и патот на Евангелието кои низ светот го воделе свети Павле. Папата ја прочита 18 глава која зборува за тој неуморен евангелизатор кој од Атина пристигнал во космополитскиот Коринт. Во него нашол сместување во домот на Акила и Прискила, еврејски брачен пар. Тие исто така биле туѓинци затоа што биле принудени да се преселат од Рим, почитувајќи ја наредбата на царот Клаудиј кој наредил протерување на сите Евреи.

Еврејскиот народ многу трпел во историјата. Бил протеруван и прогонуван… И во минатиот век видовме многу суровост врз еврејскиот народ и сите бевме уверени дека тоа заврши. Но и денес, овде и таму повторно започнува да се појавува обичајот за прогонување на Евреите. Браќа и сестри, тоа не ниту човечки, ниту христијански. Евреите се наши браќа! И не смее да се прогонуваат – додаде Папата на однапред подготвениот говор.

Во сопружниците Акила и Прискила кои биле во служба на христијанската заедница која се раѓала во Коринт, се наоѓа сликата за голем број лаици ангажирани во евангелизацијата, во давањето на здрави корени на Словото Божјо во светот и во заштитата на големиот број прогонети. Нивниот дом е посебен. Тој пред сѐ е место на кое се применува „христијанската уметност за гостопримство,“ благодарение на срцето полно со вера во Бог и великодушно во давањето простор на туѓинецот.

Таа нивната чувствителност ги води до одвојување од себе за да ја стават во пракса „христијанската уметност за гостопримство“ и ја отвориле вратата на својот дом за да го примат апостол Павле. На тој начин не го примаат само евангелизаторот, туку и навестувањето кое тој го носи со себе – Христовото Евангелие кое е Божја сила за спасение на сите кои веруваат. Од тој момент нивниот дом се исполнува со мирисот на живото Слово кое ги оживува срцата – рече Папата.

Меѓутоа Акила и Прискила не го делат великодушно со Павле само физичкиот простор. И тие се како апостолот изработувачи на шатори; тоа е рачна работа која свети Павле ја смета за привелигирано место за христијанското сведочење, и исправен начин за издржување, не оптеретувајќи ги другите. Така нивниот дом станува „domus ecclesiae“, куќна Црква, место за слушање на Словото Божјо и славење на Евхаристијата, отворени врати за браќата и сестрите во Христос. И денес христијаните во некои земји во кои нема верска слобода и слобода на христијаните, се собираат во некоја куќа, помалку сокриени, за да се молат и да слават Евхаристија. И денес има такви куќи, такви семејства кои стануваат храм за Евхаристијата – истакна папата Фрањо.

Тој брачен пар секогаш останал во срцето на Павле. Навистина кога заедно го напуштиле Коринт и отишле во Ефес, а потоа во Рим, нивниот дом и понатаму бил „место за катехеза“. Затоа Павле во своето Послание до Римјаните ги поздравува како свои „сотрудници во Христос Исус“ и им се заблагодарува затоа што го ризикувале животот за да го спасат, како што и денес се случува – додаде Папата, во голем број семејства за време на прогонства ја ставаат во опасност свјата глава за да ги сокријат прогонетите.

На тој пример за брачен живот каков што бил оној на Акила и Прискила, Папата ги предупреди брачните парови, но и сите лаици. Имено тие се одговорни во службата на заедницата и се ангажирани во евангелизацијата која Господовото Слово го донеле до нас. Вие, лаиците, по своето крштение сте одговорни во пренесувањето на верата. За тоа се ангажирале голем број семејства, брачни парови, и христијански заедници, верници лаици кои пружиле „плодно тло“ за раст во верата. Убава е таа реченица на папата Бенедикт XVI: Лаиците пружат плодно тло за раст на верата – повтори папата Фрањо.

Да Го молиме Отецот Кој одлучил од брачниот пар да направи своја вистинска жива статуа да го излие својот Дух на сите христијански брачни парови за преку примерот на Акила и Прискила, знаат да ја отворат вратата на своите срца за Христос и браќата и за својот дом да го претворат во домашна црква – рече Папата посебно обраќајќи им се младенците кои притоа ги предупреди дека преку својот повик треба да бидат вистинска жива статуа.

Поздравувајќи ги на крајот од аудиенцијата присутните поклоници на различни јазици, Папата посебно мислите ги упати кон Буркина Фасо повторно погодена од насилство. Освен тоа ги повика сите да се молат за неговото следно патување во Тајланд и Јапонија на кое ќе појде на 19 ноември и рече Господ на тие народи нека излие изобилни милости.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот