Папата Фрањо моли за мигрантите кои загинаа во пожарот во Мексико

Папата Фрањо моли за мигрантите кои загинаа во пожарот во Мексико

Поздравувајќи ги присутните на Генералната аудиенција верниците од шпанско говорно подрачје, Папата ги спомена жртвите од пожарот во мексиканскиот град Сиудад Хуарез што избувна во центарот на Националниот институт за миграција. Papata повторно охрабри да се моли за „маченичката Украина“ и нејзиниот народ

Поздравувајќи ги верниците на Генералната аудиенција од шпанско говорно подрачје во среда 29 март 2023 година, папата Фрањо ги посвети своите мисли и молитви на мигрантите кои загинаа во трагичниот пожар што избувна во мексиканскиот град Сиудад Хуарез, во центарот на Националниот институт за миграција. Тагувајќи, Папата ги спомена и семејствата на жртвите и моли за Божја утеха за нив. Во таа трагедија животот го загубија 39 лица, а 29 се повредени. Причините за пожарот се уште не се познати.

Според информациите од локалните власти, пожарот избувнал откако во споменатиот центар била донесена група од околу 70 мигранти, запрени на улиците на градот. Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор шпекулира дека пожарот бил предизвикан од мигранти кои протестирале против претстојната депортација. Претпоставуваме дека дознале дека ќе бидат депортирани и дека во знак на протест ставиле душеци на вратата од прифатниот центар и ги запалиле – рече претседателот. Најмалку 28 од 39 загинати мигранти во пожарот се државјани на Гватемала – известија од канцеларијата за миграција на Гватемала.

Украина во мислите на Папата

Папата не пропушти своите мисли да ги посвети на Украина, која повеќе од една година страда поради војната со Русија, а откако ги поздрави ходочасниците на различни јазици, повторно ги поттикна да продолжат да молат за таа земја. и тој народ.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот