Папата: Да научиме како храбро да чукаме на Божјото срце

Папата: Да научиме како храбро да чукаме на Божјото срце

Пред стои години, односно во 1917 година, папата Бенедикт XV ја основа Конгрегацијата за Источни Цркви и Папскиот институт за Исток. По тој повод папата Фрањо го предводеше литургиското славење во римската базилика Света Марија Велика на 12 октомври 2017 година.

Ако во тоа време беснееше Првата светска војна – рече Папата во својата проповед – денес преживуваме нова Светска војна во делови.

Кога ги гледаме драматичните прогони и загрижувачкиот егзодус на нашите браќа и сестри христијани – продолжи Светиот Отец – и ние како народот од Стариот Завет да си го поставиме прашањето: „Зошто“? Во денешното читање од Книгата на пророк Малахија, читаме за луѓето кои се свртеле против Бог и прават зло, но кои пак поминуваат неказнето. Слично и денес можеме да видиме, бескрупулозни луѓе кои ги уништуваат другите за да ги остварат своите интереси и затоа на Бог Му го поставуваме прашањето: „Зошто“? Одговорот на тоа прашање го наоѓаме кај пророкот Малахија, каде читаме дека Бог го слуша својот народ и ги забележува неговите страдања во „книгата на сеќавањето.“

Укажувајќи на зборовите од Евангелието според Лука, папата Фрањо рече дека ако се молиме и довериме на Господ, знаеме дека оној кој бара ќе му даде, оној кој бара ќе најде; а оној кој чука, вратата ќе се отвори. Но, знаеме ли навистина како да молиме, како да чукаме на вратата на Божјото срце? – праша Папата. Денешното Евангелие нè потсетува: „И така, значи, ако вие, бидејќи лукави, умеете да давате добри дарови на чедата свои, колку повеќе небесниот Отец ќе им даде Дух Свети на оние, што Му бараат“ (Лк 11, 13)

Светиот Дух е голем Божји дар за нас. Затоа да научиме храбро да чукаме на вратата на Божјото срце – рече Светиот Отец, упатувајќи го на крајот следниот поттик до водачите на Источните Цркви: Нека храбрата молитва го вдахне и поддржува вашето служење на Црквата за да донесе плод кој не овенува, ниту умира.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот