Папата го прослави празникот на Света Марија од Гвадалупе
Во Ватиканската базилика на 12 декември, папата Фрањо служеше света Миса по повид празникот на Света Марија од Гвадалупе, заштичничка на Латинска Америка. Мисата беше придружуванасо музиката од Креолската миса (Misa Criola) од аргетинскиот композитор Ариел Рамирез, со која диригираше неговиот син Факундо Рамирез.
Осврнувајќи се на разговорот од интервјуто за Радио Ватикан за значењето на овој настан, проф. Гузман Карикири, секретар на Папската комисија за Латинска Америка, истакна дека оваа света Миса е голем католички, и особено латиноамерикански настан. Почитувањето на света Марија од Гвадалупе е во темелите на латиноамериканскиот католицизам, во побожноста на нашите народи и знак е на идентитетот, единството и оригиналноста на мешовитата Латинска Америка – и додаде – и оваа Миса се слави од Алјаска до Огнената Земја и има два белодробни крила: едното е крило на молитвата во центарот на католицизмот во Свети Петар, и другото е со милиони Мексиканци, но и други, во светилиштето на базиликата на света Марија од Гвадалупе во главниот град на Мексико.
Освен тоа, тој истакна дека многу важен факт е дека евхаристиската славење беше придружувана со композицијата од креолската Миса од Ариел Рамирез, кој пред скоро 50 години, поточно во 1967 година, дојдел во Рим лично за да го предал своето генијално дело во рацете на папата Павле VI. Сега неговиот син диригира со музичката група за изведување на мисната музика – рече секретарот на Папската комисија за Латинска Америка и додаде дека, примајќи го синот на Ариел Рамирез на аудиенцијата, Светиот Отец му рекол: ‘Твојот татко беше голем мистик’.
РВ/З.А.