Папата повика да се учестува на молитвената иницијатива „24 часа за Господ“

Папата повика да се учестува на молитвената иницијатива „24 часа за Господ“

По молитвата Ангел Господов 12 март 2023 година, папата Фрањо го спомна посветувањето на Русија и Украина на Безгрешното Срце на Марија на 25 март 2022 година: Да не ни недостасува доверба, да не ослабне нашата надеж, Господ секогаш ги слуша молитвите на неговиот народ. Папата ги охрабри верниците да се приклучат на иницијативата за молитва и помирување „24 часа за Господ“, која повторно ќе се одржи во епархиите ширум светот на 17 и 18 март. Светиот Отец ќе се приклучи на молитвата во една римска парохија.

Една година по посветувањето на Русија и Украина на Безгрешното Срце на Марија, со цел да се искорени омразата и да се смири секое насилство, папата Фрањо уште еднаш ги охрабри верниците од целиот свет да го употребат оружјето на молитвата за да побараат од Бога мир.

Да останеме соединети во верата и солидарноста кон нашите браќа кои страдаат од војната; пред се, да не заборавиме на маченичкиот украински народ.

„24 часа за Господ“

На крајот од пладневното обраќање Папата ги охрабри верниците да учествуваат во иницијативата „24 часа за Господ“, која ќе се одржи во петок, 17 март и сабота, 18 март. Станува збор за момент на молитва и помирување во Великиот пост, кој самиот папа Фрањо го посака во 2013 година и во кој Светиот Отец секогаш се исповедуваше и тој други исповедуваше, а која годинава се одржува по десетти пат. Оваа иницијатива се одржува во епархиите ширум светот во пресрет на четвртата недела од Великиот пост. Сите Цркви тогаш ќе бидат отворени цел ден, за да им се даде можност на верниците и ходочасниците да се задржат во обожавање на Пресветата Олтарска Тајна и да им се даде можност за исповед.

Минатата година, токму на крајот на иницијативата „24 часа“, се одржа чин на посветување на Русија и Украина на Безгрешното Срце на Марија. Папата потсети на тој чин по молитвата Ангел Господов од прозорецот на Апостолската палата.

Минатата година, во тоој контекст, одржавме свечен чин на посветување на Безгрешното Срце на Марија, молејќи за дарот на мир. Да не ни недостасува доверба, да не ослабне надежта; Господ секогаш ги слуша молитвите што неговиот народ му ги упатува по застапништво на Богородица.

Поттик за молитва

Со цел подобро да го одбележи своето присуство во парохиските заедници, оваа година папата Фрањо ќе замине во римската парохија Света Марија на Милоста во областа Трионфал, која е оддалечена неколку километри од базиликата Свети Петар. На 17 март во 16:30 часот ќе се одржи момент на молитва и помирување, а сите верници кои сакаат ќе можат да пристапат на Светата Тајна исповед. Поттикот за учество доаѓа од самиот Папа, заедно со вообичаената молба, повторувано постојано во текот на изминатите десет години од неговото Папство: Ве молам, не заборавајте да се молите за мене.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот