Генерална аудиенција во среда: Света тајна Свештеничко ракополагање

На Генерална аудиенција во среда 26 март на плоштадот Свети Петар, Папата во катехезата говореше за светата Тајна Свештеничко ракополагање. Веќе кажавме дека светите Тајни: Крштение, Миропомазание и Евхаристијата, заедно го прават таинството на христијанската иницијација, единствен настан на милости кои нѐ обновуваат во Христос. А тоај е основниот повик кој нѐ здржува во Црквата, како ученици на Господ Исус. Потоа постојат две свети Тајни на кои се одговара со посебни повици, а тоа се светата Тајна Светштеничко ракополагање и светата Тајна Венчание. Тие се два главни патишта по кои христијанинот може сопствениот живот да го направи со дарот на љубовта, по примерот на Христос и во неговото Име и така да соработува во изградувањето на Црквата – истакна папата Фрањо.

Свештеничкото ракополагање има три степени: епископски, свештенички и ѓаконски. Таа света Тајна оспособува за служба која што Господ ја довери на Апостолите, а со силата на Светиот Дух и според срцето Исусово да го пасат неговото стадо. Да го пасеш Христовото стадо со силата на Светиот Дух и според Христовото срце, а не со човечка сила. Свештеник, епископ и ѓакон треба со љубов да го паси Христовото стадо. Ако не прават така тогаш не служат. Во таа смисла, избраните и посветените службеници, ја продолжуваат Исусовата присутност во времето. Тоа го прават со силата на Светиот Дух, во Божјо име и со љубов – рече Светиот Отец.

Говорејќи пак за свештеничката служба, Папата рече дека ракоположените се поставуваат на чело на заедницата. Тие се „на чело“ да, но тоа според Исус значи да служиш како што тој самиот покажа и ги поучи учениците со овие зборови: „Знаете дека кнезовите народни владеат над народите, и управниците господарат над нив; меѓу вас, пак, нека не биде така; а кој меѓу вас сака да биде поголем, нека ви биде слуга; и кој сака меѓу вас да биде прв, нека ви биде слуга; како што и Синот Човечки не дојде да Му служат, туку дојде да послужи и да ја даде душата Своја за откуп на мнозина.“ (Мт 20, 25-28; Мк 10, 42-45). Ако епископот не е во служба на заедницата, не прави добро; ако некој свештеник не служи на својата заедница, не прави добро. Тогаш не е вистинскиот – рече Папата.

Друга пак карактеристика која произлегува од светотаинското единство со Христос – продолжи Папата – е ревносна љубов кон Црквата. Да размислиме за делот од Посланието на светиот апостол Павле до Ефесјаните во кое свети Павле вели дека Христос „ја засака Црквата и се предаде Себе си за неа, за да ја освети, очистувајќи ја со водна бања преку Словото; та да ја претстави пред Себе како славна Црква, која нема осквернение, или порок, или нешто слично, туку да биде света и непорочна“ (Ефес. 5, 25-28) – потсети Светиот Отец.

Силата на светата Тајна Свештеничко ракополагање е во целосно посветување на заедницата и ја љуби со целото срце: заедницата е неговото семејство. Епископот и свештеникот, ревносно ја љубат својата заедница. Како ја љуби? – праша Светиот Отец, веднаш одговарајќи: како што Христос ја љуби Црквата. Свети Павле тоа истото ќе го каже за бракот: нека мажите ги сакаат жените свои како што и Христос ја засака Црквата. Свештеничкото ракополагање и Венчанието се големо таинство на љубовта, тоа е пат по кој луѓето обично одат кон Господ – рече папата Фрањо.

Папата потоа спомна уште една карактеристика на Свештеничкото ракополагање. Апостолот Павле препорачува на својот ученик Тимотеј да не ја занемари дарбата што е во него, уште повеќе, да го распалува Божјиот дар кој е во него преку неговото ракополагање (1Тим 4,14; 2Тим 1,6). Ако епископската, свештеничката и ѓаконската служба не се хранат со молитва, слушање на Божјото Слово и секојдневно славење на света Литургија, како и светата тајна Исповед, неизбежно е од видик да се губи вистинското чувство за служба и радост кое произлегува од длабокото заедништво со Исус – рече Папата.

Ако епископ не моли, ако не го слуша Божјото Слово, ако секој ден не слави Света Евхаристија и ако редовно не се исповеда, а тоа важи и за свештениците, тогаш нивното заедништво со Христос слабее, ги обзема просечност што не е добро за Црквата. Затоа на епископите и свештениците треба да и помогнеме да молат, да го слушат Словото Божјо, секојдневно да слават Света Литургија и редовно да се исповедаат. Тоа е многу важно затоа што придонесува за нивно посветување – нагласи Светиот Отец.

Папата ја заврши катехезата со спонтан говор: „Што треба да направи некој за да стане свештеник?“ Повикот доаѓа од Господ. „Господ повикува: го повикува секој кој сака да биде свештеник; а можеби овде има млади кои во срцето го почувствувале тој повик: сакаат да им служат на другите, во Божјите работи да им служат на другите, сакаат цел живот да поучуват, крштават, исповедуват, слават Евхаристија, да се грижат за болни… тоа да го прават цел живот. Ако некој од вас тоа го почувствувал во срцето, Исус тоа го „ вметна“ во неговото срце. Негувајте го тој повик и молете во Црквата да расте и да донесе плод – поттикна Папата на крајот на катехезата.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот