Папата Фрањо: Војната е пораз на човештвото

Папата Фрањо: Војната е пораз на човештвото

Папата повторно го сврте вниманието кон војната во Украина на крајот од Генералната аудиенција, повикувајќи ги верниците да му се придружат на него и на бискупи од целиот свет во молитвата на 25 март и да се помолат на Господа, за дар на мирот преку застапништво Пресвета Богородица.

Би сакал за момент да се присетам на жртвите од војната. Веста за раселените лица, за оние кои се во бегство, за убиените, ранетите и многубројните паднати војници од двете страни, тоа се вести за смрт, рече Светиот Отец на крајот од Генералната аудиенција во среда 23 март 2022 година.

Обраќајќи им се на верниците по редовната катехеза, Папата рече: Да го молиме Господарот на животот да нѐ ослободи од таа смрт на војната. Во војната нема победа, војната е целосен пораз, нагласи Светиот Отец.

Папата Фрањо го моли Господ да го испрати својот Дух за да ни помогне да разбереме дека војната е пораз на човештвото и да нѐ ослободи од таа потреба за самоуништување.

Папата повика и на молитва за управителите на народите за да разберат дека купувањето оружје и правењето оружје не се решение за проблемот. Решението, пак се заснова на заедничка работа за мир и како што вели Библијата, да се направат оружјата орудија за мир. На крајот, папата Фрањо ги замоли присутните да му се придружат во молитвата Здраво Марија.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот