Папата ги покани Римските парохии на света Литургија со него

Од јануари ќе можат да се пријавуваат групи од околу 25 лица од парохиските заедници од Римската епархија, кои ќе сакаат да учествуваат на света Литургија со Папата, објавено е од Ватикан.

Папата не може да ги посети лично сите парохии од својата епархија, која брои околу 2,5 милиони верници, но на овој начин сака да овозможи барем по една група верници од секоја парохија да може да учествува на света Литургија со него. До сега папата Фрањо на света Литургија во домот Света Марта ги повикуваше вработените во ватиканските служби и установи.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот