Папата: Внимавајте Божиќ да не се сведе на секуларна карикатура

Папата: Внимавајте Божиќ да не се сведе на секуларна карикатура

Заедно со мислите на свети Фрањо Салешки, на кого денес се сеќаваме, Папата во катехезата на Генералната аудиенција размислуваше и за раѓањето на Исус и за „стилот“ на Бога кој се покажа пред светот како Дете.

Божиќното време во кое живееме и 400-годишнината од смртта на свети Фрањо Салешки, бискуп и црковен учител, кој се празнува денес, се темите за кои на Генералната аудиенција во среда 28 декември 2022 година зборуваше папата Фрањо. Почнувајќи ја катехезата, Папата го најави денешното објавување на апостолското писмо во спомен на таа годишнина и рече:

Насловено „Сè и припаѓа на љубовта“, преземајќи го карактеристичниот израз на светиот епископ од Женева. Имено, тој вака пишува во Расправата за Божјата љубов: „Во светата Црква сè и припаѓа на љубовта, живее во љубовта, се прави поради љубовта и доаѓа од љубовта“ (Ed. Paoline, Milan 1989, стр. 80). Кога барем би го следиле тој, толку убав, пат на љубовта!

Малото Дете во јаслите

Свети Фрањо Салешки – потсети Папата – во врска со Исусовото раѓање напиша во едно писмо како му изгледа дека го гледа Соломон на неговиот голем престол од слонова коска, покриен со чисто злато и украсен со резби, каков што немало во ниту едно царство, како што стои во Писмото, но дека сто пати му е помило да го види малото Дете во јаслите отколку сите цареви и нивните престоли.

Исус, Царот на вселената, никогаш не седнал на престол, никогаш: роден е во штала – го гледаме така прикажан – повиен во повои, положен во јасли; на крајот умре на крстот и, завиен во платно, беше положен во гроб. Навистина, евангелистот Лука, раскажувајќи го раѓањето на Исус, силно инсистира на деталите на јаслите. Тоа значи дека тие се многу важни не само како логистички детал, туку како симболички детал што помага да се разбере каков е Месијата, Оној што е роден во Витлеем, каков Цар е Тој, кој е Исус.

Божји стил е близина, сочувство, нежност

Исус е Синот Божји кој нè спасува со тоа што стана човек, како нас, лишувајќи се од својата слава и понизувајќи се (сп. Филипјаните 2,7-8). Ова таинство го гледаме конкретно во средината на јаслите, односно во Детето кое лежи во јаслите – додаде Папата. Тоа е „знакот“ што Бог ни го дава на Божиќ; ни го покажува Божјиот „стил“: близина, сочувство и нежност. Папата Фрањо го истакна фактот дека Бог не нè прозелитизира, не привлекува со сила, туку со љубов и спомна уште едно писмо на Свети Фрањо Салешки во кое пишува дека без разлика на состојбата на нашето срце, дали е тврдо или слабо, треба да дозволиме тоа мало небесното Дете да нѐ привлече.

Бог најде начин да нѐ привлече такви какви што сме: со љубов. Тоа не е посесивна и себична љубов, каква што е за жал често човечката љубов. Неговата љубов е чист дар, чиста благодат, таа е се и само за нас, за наше добро. И така нè привлекува, со таа голорака љубов, која што разоружува, бидејќи кога ќе ја видиме таа Исусова едноставност, го фрламе оружјето на гордоста и одиме таму, скромни, да бараме спасение, да бараме прошка, да бараме светлина за нашите животот, за да можеме да одиме напред. Не заборавајте на Исусовиот престол: јаслите и крстот, тоа е Исусовиот престол.

Не дозволувајте Божиќ да биде потрошувачки празник

Сиромаштвото, кое го избра Исус, е уште еден елемент на кој Папата повторно се задржа во друштво на светецот чиј спомен се слави денес во Црквата и кој во Детето гледа совршено одрекување од сите добра, од сиот луксуз […] на овој свет. Папата размислуваше за искуството од овој посебен период во кој живееме.

Да, да внимаваме да не го сведеме Божиќ на секуларната карикатура. А тоа е проблем, бидејќи Божиќ е ова првото. Но, денес гледаме, иако тоа е „друг Божиќ“, во наводници, тоа е секуларна карикатура на Божиќ, што го сведува Божиќ на консумеристичка и зашеќерена прослава. Треба да славиме секако, но тоа не таков Божиќ, Божиќ е нешто друго. Божјата љубов не е мед и шеќер, тоа ни го покажуваат Исусовите јасли. Божјата љубов не е лицемерен бонизам кој ја крие потрагата по задоволства и лагодност. Нашите постари кои ја познаваат војната, па дури и глад, добро го знаеја ова: Божик е секако радост и прослава, но во едноставност и скромност.

Бог нè сака и секогаш ни посакува добро

Набљудувајќи го малиот Исус во јаслите, Свети Фрањо Салешки, два дена пред неговата смрт, рекол дека во него гледа прифаќање на сè што се случува околу него и целосно се предал на Мајчината грижа, не барајќи ништо. Така, не смееме ништо да посакуваме или одбиеме, туку мораме да поднесеме се што ни испраќа Бог, студот и временските непогоди.

Тука, драги браќа и сестри, ни доаѓа една голема поука од Детето Исус, според мудроста на свети Фрањо Салешки: да не посакуваме ништо, да не одбиваме ништо, да прифаќаме сè што Бог ни испраќа. Но, бидете внимателни! Секогаш и само од љубов, затоа што Бог нè љуби и секогаш ни посакува добро.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот