Папата ги повика Бразилците да се обединат во борбата против пандемијата

Папата ги повика Бразилците да се обединат во борбата против пандемијата

Во пораката по повод акцијата во постот на Бразилската бискупска конференција против потрошувачката и себичноста, објавена на 17 февруари, папата Фрањо го повика бразилскиот народ на единство и соработка во борбата против ширењето на коронавирусот.

Мора да ја победиме пандемијата и тоа можеме да го сториме само со надминување на поделбите – рече Папата. Најлошо би било по кризата да се продолжи со грозната потрошувачка и нови форми на себичност. Постот е драгоцено време за преобраќање, за промена на целта во обновената култура на дијалог, кој ќе го победи нарцизмот и ќе искаже добредојде на другите – рече Папата.

Бразил, со повеќе од 200 милиони жители, посебно тешко е погоден од пандемијата на коронавирусот, а досега се заразени повеќе од 10 милиони луѓе, а починати се 240.000 лица.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот