Шест години понтификат на папата Фрањо

Шест години понтификат на папата Фрањо

Смиреност, внимателност кон секоја личност, слушање и синодалност се само некои од клучните карактеристики од понтификатот на папата Фрањо, кои директорот на Канцеларијата за печат при Светиот Престол Алесандро Џизоти ги истакна во своето размислување по повод шестата години од изборот на папата Фрањо.

Поздравувајќи ги верниците на плоштадот Свети Петар и целиот свет на 13 март 2013 година од централната ложа на ватиканската базилика, Папата го започна патот кој веднаш самиот го нарече „пат на братство, љубов и доверба“. После неколку месеци посведочи, кога на 8 јули истата година, ги посети мигрантите во Лампедуса. Тоа патување било непланирано, но папата Фрањо едноставно почуствувал дека мора да оди. Таа неговата грижа за мигрантите во текот на минатите шест години остана непроменета – рече Џизоти.

Папата покажува дека миграните се личности, а не бројки, и тоа го прави затоа што неговото внимание постојано е упатено на нив, додека медиумите, како што може да видиме, со мигрантите се занимаваат кога ќе дојде до некоја тешка криза, кога некој чамец ќе потоне или кога ќе дојде до кризна состојба поради некоја војна. После тоа прво патување во Лампедуса имаше многу гестови на близина со мигрантите, токму на патувањата, сѐ до актуелните случувања и патување на Папата во Мароко. За неколку недели, за време на апостолското патување во таа земја, Папата ќе го посети центарот за мигранти на Каритас, а потоа и ќе ги посети Бугарија и Македонија, каде исто ќе посети бегалски камп.

Соврнувајќи се на ангажирањето на Папата за мир, Џизоти пред сѐ потсети дека пред шест години кога е избран за Папа, сите ги изненади со изборот на името Фрањо, според свети Фрањо од Асизи, човек на мир и дијалог. Папата Фрањо е градител на мостови. Понекогаш ја забораваме таа диемнзија, карактеристична за Папата, рече Џизоти и додаде: Навистина Папата, како што често можеме да видиме, можеби дури и повеќе со гестови, отколку со зборови, таму каде има ѕидови, ги руши тие цигли како би изградил мостови кои минуваат низ нив. Мислам дека тоа е константа на папството која ја гледаме секој ден.

Според мислењето на Алесандро Џизоти, проповедите на утринските Литургии служени во домот Света Марта се центар на овој понтификат. Таму Папата се сретнува со Божјиот народ во важен момент за еден свештеник, за еден епископ и додаде: Преку средбата во евхаристијата и со верниците се раѓаат тие проповеди, кои се големо богатство, и ако ги погледнеме важните документи од папството, се забележува дека често се користи или директно се вдахновени од проповедите од домот Света Марта – истакна Џизоти.

Истакнујваќи го потоа пријателството на Папата со големиот имам на Ал – Азхар, Ахмад Ал – Тајиб, како и со екуменскиот патријарх Вартоломеј I., ватиканскиот гласноговорник истакна дека дијлогот е всушност во срцето на папата Фрањо. Тоа никогаш не е дијалог со некоја точно одредена цел, туку тоа е дијалог кој се раѓа од средбата – рече Џизоти.

На новинарска забелешка дека папата Фрањо свика три синоди и внесе некои промени во нивната работа, Џизоти истакна дека гледањето на Црквата од страна на Папата е Црква која излегува и која е како „полска болница“. Црква која излегува претпоставува дека целата Црква е во движење. А „синодална“ значи дека оди заедно. Тоа е духот со кој папата Фрањо ја живее својата пастирска димензија, како што и самиот рече пред шест години на почетокот од својот понтификат: со народот, пред народот, но и во народот и зад народот, она што всушност секој добар пастир треба да го прави со своето стадо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот