Папата испрати писмо до членовите на Папските академии

Папата испрати писмо до членовите на Папските академии

Папата Фрањо испрати порака до членовите на 26. јавна седница на Папските академии и ги охрабри архитектите да проектираат сакрални простори вдахновени од црковната литургија

Атмосферата за славење е важна за поттикнување на молитвата и чувството за заедништво , а во литургијата основни се просторот, светлината, акустиката, боите, сликите, симболите и литургискиот мебел, истакна Папата во својата порака до префектот на Дикастеријата за култура и образование и претседателот на Координативниот совет на Папските академии, кардиналот Хозе Толентино де Мендонса.

На 26. на свечената јавна седница тој ја додели наградата на Папските академии за 2022 година (Premio delle Pontificie Accademie 2022). Станува збор за награда за промоција на истражување за лица до 35 години кои работат во областа на визуелните уметности, литературата и музиката. За минатогодишното издание е одлучено да се отвори и за областа од архитектурата, а беше побарано да се образложат и презентираат проекти поврзани со сакралниот простор и со дискусијата меѓу современата и религиозната уметност.

Темата на овогодинешниот собир беше фокусирана на важноста на сакралната архитектура. Светиот Отец испрати писмо до членовите и ги потсети на своето апостолско писмо Desiderio desideravi од 2022 година, кое беше посветено на литургиската формација на Божјиот народ.

Повторно откривање на симболичкиот јазик

Сакралната архитектура, рече папата Фрањо, мора да се стреми повторно да го открие симболичкиот јазик и да може да го толкува.

Губењето на способноста да се разбере симболичката вредност на телото и на секое создание го прави симболичкиот јазик на литургијата речиси недостапен за современиот менталитет, истакна Папата, повикувајќи се на своето апостолско писмо. Сепак, не може да стане збор за откажување од таков јазик. Не може да се одрече затоа што тоа е начинот на кој Светата Троица избра да допре до нас преку телото на Словото. Станува збор за враќање на способноста за користење и разбирање на симболите на литургијата.

Вдахновение за литургискиот живот на Црквата

Уметничкото и архитектонското творештво, додаде Папата, мора да биде вдахновено и од литургискиот живот на Црквата и дејството на Светиот Дух, а не само од човечките преференции.

Тој рече дека литургијата и уметноста што го опкружуваат литургискиот простор мора да се ослободат од субјективизмот и инвазијата на културните елементи .

Добитници на наградите на Папските академии

Папата Фрањо ја заврши својата порака со прифаќање на предлозите на Папската академија и на OPPS студиото од Фиренца му го додели златниот понтификален медал, кој е награда од Папските академии, за реконструкција и литургиска адаптација на капелата на Фондацијата Свети Фрањо Асишки и света Катерина Сиенска во Рим, како и Сребрениот понтификален медал на архитектката Федерика Фрино за проектот на новата црква Сан Томазо а Понтедера .

Наградите на Папските академии беа доделени врз основа на критериумите за дизајн, опремување, литургиско прилагодување, реновирање и повторна употреба на просторите посветени за богослужба, земајќи ги предвид новите барања и современиот архитектонски јазик.

Плодни истражувања

На крајот, папата Фрањо им се заблагодари на Папските академии за нивните плодни напори во нивните области на истражување и служење. Тој ги довери нивните членови на мајчинската заштита на Дева Марија, Храм и Ковчег на Новиот завет.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот