Папата: Да вложуваме во мирот, а не во војната

Папата: Да вложуваме во мирот, а не во војната

Првата светска војна за сите е сериозна опомена за да ја отфрлиме културата на војната и да се ангажираме за градење на мирот.

По пладневната молитва Ангел Господов, на 11 ноември 2018 година, Светиот Отец потсети дека денес ја одбележуваме 100 годишнината од завршетокот на Првата светска војна, и го цитираше својот претходник папата Бенедикт XV кој тој конфликт го нарече „бескорисно колење“. Денес во 13.30 според европско време, заради таа годишнина ѕвонеа камбаните во целиот свет, па и на базиликата Свети Петар.

Првата светска војна за сите е сериозна опомена за да ја отфрлиме културата на војната и да го бараме секое законско средство за ставање крај на конфликтите кои сè уште пролеаваат крв во многу делови на светот. Изгледа дека не учиме – рече папата Фрањо и апелираше:  Додека се молиме за сите жртви на таа страшна трагедија, да кажеме силно: вложуваме во мирот, а не во војната!

Како симболичен знак за ангажрање за мирот, папата Фрањо го спомна гестот на големиот свети Мартин од Турс кој Црквата денес го слави. Тој ја расекол својата наметка на два дела за да ја подели со сиромавиот. Тој чин на човечка солидарност нека на сите ни го покаже патот за градењето на мирот – заврши Папата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот