Папата Фрањо ја прими новата градоначалничка на градот Рим

Денес во светот на работата неопхпдно е хитно да се воспитува за да се следи светол и тежок пат на чесноста – стои на твитер пораката каде папата Фрањо на 1 јули ја објави на 9 јазици, на својот профил @Pontifex.

А веќе како што известивме, заради летниот период за време на месец јули нема да се одржуваат генерални аудиенции, та со тоа се намалени и активностите на папата Фрањо, кој овој месец редовно ќе ги одржува неделните naговори, а и ќе се подготвува за апостолското патување во Полска, каде ќе пристигне на 27 јули, по повод Светскиот Ден на Младите.

На 1 јули 20116 година, Светиот Отец ја прими новата градоначалничка на градот Рим – Вирџинија Раџи. Беше многу возбудливо; навистина открив едно лице со голема човечност – изјавила градоначалничката во разговор за Радио Ватикан и осврнувајќи се на улогата на Црквата во римското општество, истакнала дека Црквата навистина има многу важна улога во цела Италија, но особено во Рим.

Многу ги ценам зборовите од енцикликата „Лаудато си“ кои се исклучително актуелни и современи – додава градоначалничката. Зборува за климатските промени, за тоа како урбанистичкото планирање понекогаш, кога не се почитуваат правилата, се нарушува пејсажот; зборува исто така за духот на заедништвото и за најранливите луѓе. Во оваа енциклика се пронаоѓа и денешното римско општество – изјавила новата римска градоначаллничка истакнувајќи, меѓу другото, дека парите треба да ги употребиме за да направиме нешто за луѓето, а не да ги употребуваме луѓето со цел да би заработиле.

РВ/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот