Светиот Отец ја прими првата група бегалци кои доаѓаат од Кипар

Светиот Отец ја прими првата група бегалци кои доаѓаат од Кипар

Првата група бегалци од Купар – од нив дванаесетмина – пристигнаа во Рим, а ги прими папата Фрањо на својот роденден, 17 декември во Апостолската палата, соопшто Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Ватикан сака да пресели 50 бегалци, како што тоа беше најавено за време на апостолската посета на Папата на Кипар и Грција, а нивниот пат и прием го овозможи Договорот на Државниот секретаријат на Светиот Престол и италијанските и кипарските власти. Во логистиката учествуваа и Оделот на Светиот Престол за мигранти и бегалци и Заедницата Свети Егидиј. Кипар се заблагодари на Папата и изрази надеж дека тоа ќе ги поттикне и другите земји во Европската Унија на изразување солидарност. Симболичниот гест на Папата го изразува признанието на тешкотиите со кои Кипар се соочува со растечкиот бран мигранти.

Светиот Отец ги пречека на бегалците и ги слушна нивните приказни, како и оние за нивното патување од Конго, Камерун, Бразавил Сомалија и Сирија. Меѓу нив се лекари и компјутерски техничари, а за време на средбата едно младо момче од Конго длабоко трогнат на Папата му порача: „Нѐ спаси!“

Мигрантите на Папата му посакаа „долг живот и добро здравје“ по повод неговиот роденден и му подарија слика од бегалец од Авганистан на која е прикажан обидот на преминувањето на мигрантите на Средоземното Море.

Папата исто така се распита за девојчето кое го запозна на кампот Мавроуни на Лезбос која следните денови ќе дојде со своето семејство на лекување во Италија, соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот