Прославен патрониот празник во Богданци

Прославен патрониот празник во Богданци

 На празникот Свети Кирил и Методиј, 24 мај 2023 година, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монс. Киро Стојанов во истоимената парохиска црква во Богданци служеше света архиерејска божествена Литургија, по повод паторниот празник на парохијата. Со епископот Стојанов сослужуваа парохот протојереј ставрофор о. Тома Ангелов, протојереј ставрофор о. Георги Трајков, протојереј о. Гоце Костов и о. Ристо Самарџиски. За време на Литургијата беа изложени моштите на свети Кирил Солунски.

На почетокот од проповедта епископот Стојанов ги поздрави верниците, а потоа се осврна на животот и делото на светите браќа и Кирил и Методиј и учителството.

На светата Литургија покрај верниците од Богданци, присуствуваа сестри Евхаристинки од Гевгелија и Скопје, како и верници од Богданци и околните парохии.

На крајот парохот о. Тома Ангелов се заблагодари на епископот Стојанов и присутните верници, истакнувајќи дека наредната година се навршуваат 10 години кога за прв пат беа изложени моштите на свети Кирил Солунски во неговата земја.

По завршувањето на светата Литургија верниците имаа можност да се помолат пред моштите на Свети Кирил Солунски.

Категорија: Вести, Македонија

За авторот