Папата Фрањо: „Божјото милосрдие го менува животот“

Ватикан, 5.7.2013 /к.мк/ – „Милосрдието е срцето на Божјата порака“, рече папата Фрањо на светата Литургија во петок 5 јули во капелата на домот света Марта коментирајќи го Евангелие за повикот на Матеј (Матеј 9, 9-13). На Литургијата присуствуваа вработени во Ватиканската Управа. На светата Литургија сослужуваше кардинал Хорхе Либерато Уроса Савино, архиепископ на Каракас.

„Милост сакам, а не жртва“, Папата ги повтори Исусовите зборови, упатени на фарисеите кои го критикувале затоа што јаде со грешниците. Цариниците, објасни Папата, „биле двојно грешни, бидејќи биле наврзани на парите и истовремено биле предавници на својот народ, затоа што собирале данок од својот народ во корист на Римјаните“. Понатаму Исус, го здогледува цариникот Матеј, гледајќи го милосрдно.

„Исус го гледа човекот кој седи во царинарница. Матеј почуствувал нешто ново, до сега непознато – Исусовиот поглед на себе: чувствува внатрешен восхит, го слуша Исусовиот повик: „Следи ме! Следи ме!“. Во тој момент тој човек е полн со радост, но помалку има и сомнеж, бидејќи е силно наврзан на парите. Но било доволно само еден момент – како што тоа убаво го изразил Караваџо на својата слика: тој човек гледа и зема пари во раката – и во еден момент – Матеј вели „да“, оставам сè и одам со Господ. Тоа е моментот на примање и прифаќање на милосрдието: „Да доаѓам со Тебе“. Првиот момент на средбата е длабоко искуство.“

Следува вториот момент: момент на славење, Господ слави со грешници. Се слави Божјото милосриде кое го менува животот. По двата момента на восхитување од средбата и славењето, доаѓа „секојдневната работа“, навестување на Евангелието.

Со работата е потребно да се храни сеќавањето на првата средба, сеќавањето на славењето. А тоа не е само момент, тоа е време: време кое тече до крајот на животот. Сеќавање. Сеќавање, на што? На тие настани! Сеќавање на средбата со Исус, кој ми го промени животот! Кој ми се смилува! Кој беше толку многу добар со мене, па дури ми го кажа и ова: „Повикај ги своите пријатели грешници и ќе подготвиме славење! Тоа сеќавање му дава сила на Матеј и на сите останати да продолжат понатаму со „Господ кој ми го промени животот. Го сретнав Господ! На тоа секогаш треба да се сеќаваме. Да се распламтува огнот со жарот на сеќавања, да се чува тој оган, засекогаш“.

Во параболите од Евангелието многумина го одбиваат Божјиот повик за славење. А Исус замина „да ги бара сиромашните, болните, и со нив да слави“. „Така продолжува Исус, слави со грешниците и им нуди милост на грешниците. „Милост сакам, а не жртва. Не дојдов да ги повикам праведните, туку грешните“ Оние кои веруваат дека се праведни – нека се сварат во сопствената супа! Тој дојде за нас грешниците и тоа е убавао! Да му дозволиме на Исусовото милосрдие да не поглдне, да славиме и да се сеќаваме на тоа спасение! (го*ко/Д.И.)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<