Папата Фрањо: Првиот плод од Синодата е „синодалниот стил“

Папата Фрањо: Првиот плод од Синодата е „синодалниот стил“

Поважно од документите е да се шири заедничката работа помеѓу младите и старите, во слушањето и одлучувањето

„Време на утеха и надеж“ – со тое зборови папата Фрањо на 28 октомври 2018 година пред молитвата Ангел Господов го опиша дваесетшестдневното искуство од работата на Епископоската синода, која беше посветена на младите.

Слушањето бара време, внимание, отвореност на умот и срцето – рече Светиот Отец и истана: Но таа ангажираност секој ден се претвора во утеха, посебно затоа што меѓу нас имаме жива и поттикнувачка присутност на младите со своите животи и придонес. Повеќеслојната реалност на новите генерации преку сведоштвата на синодските оци беше присутна на Синодата, можеме да кажеме, од сите страни, од сите континенти и од различни човечки и општествени ситуации.

Само ако е проследено со разликување во светло на Божјото Слово и Светиот Дух слушањето донесува плод и овозможува разбирање на реалноста и знаците на времето – рече папата Фрањо и продолжи: Тоа е еден од најубавите дарови, кои Господ ги даде на Католичката црква, односно да се соберат мислењата и луѓето од најразлични ситуации и на тој начин да се обиде да даде објаснување, кое секогаш е во светло на евангелието, го зема во предвид богатството и сложеноста на ситуацијата.

Епископската синода за млади беше добра берба и ветува добро вино – рече Светиот Отец и истакна дека веќе првите видливи плодови кое се гледаат е синодалниот стил, кој ја одбележа работата на 15. Редовна генерална епископска синода. Првиот плод на Синодата би морал да биде токму по примерот на методата според која се настојуваше да се примени уште од самата подготовка – рече папата Фрањо и продолжи: Станува збор за синодален стил, кој нема за главна цел изработка на документ, кој е вреден и корисен. Поважно од документот е да се шири заедничката работа помеѓу младите и старите, во слушањето и одлучувањето, за да се дојде до пасторални можности, кои одговараат на реалноста – рече папата Фрањо.

После пладневната молитва папата Фрањо изрази посебна близина на американската еврејска заедница во Питсбург, која претрпе страшен напад на синагогата, а на крајот ги поздрави сите присутни.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот