На Велигден епископот Стојанов служеше во Струмичката катедрала

На Велигден епископот Стојанов служеше во Струмичката катедрала

На празникот Воскрсение Христово – Велигден, во недела 2 мај 2021 година Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх служеше света архиерејска Литургија во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ – Струмица во заедништво со свештеници од Струмичко – скопската епархија. Покрај присутните верници, со придржување на мерките за заштита од ширење на коронавирусот, на светата Литургија присуствуваше и амбасадорот на Италија во Македонија, Н.Е. Андреа Силвестри со неговата сопруга.

На почетокот од својата проповед епископот Стојанов ги поздрави присутните, честитајќи им го празникот Воскресение Христово, а потоа зборувајќи за воскресниот настан истакна: Тогаш влезе и другиот ученик – кој прв дојде до гробот и виде и поверува. Ранобудните жени им беа јавиле: во гробот го нема Господ. Некои од кажале дека го виделе и им пренеле порака на апостолите дека наскоро и тие ќе го видат. Да ги проверат тие необични гласини Петар и Иван – „другиот ученик“ – трчаат кон гробот, а гробот беше празен. Истиот ден, навечер, ќе го сретнат Воскреснатиот и ќе поверуваат: за нив, за нас, за сите свет најголем настан, ден што ќе ја одлучи животната судбина на милијарди луѓе оттогаш досега.

„Тогаш влезе и другиот ученик- кој прв дојде до гробот и виде и поверува„. Празен гроб, оставени повои: За Иван беше доволно да поверува.. Господ воскреснал. Како и колку тоа го говори Исусовиот празен гроб? На гробовите на великаните во светот е напишано: „Овде почива…“, само на еден гроб е напишано: Овде е воскреснат“ – на Исусовиот гроб. Сета слава, сета величина завршува во гробот, Христовата започнува од гробот – од денот на Воскресението.

Понатаму епископот Стојанов ќе каже: Христос воскресе – навистина воскресе! Радосен восклик на воскресниот ден. Денес има место само за радоста. Воскреснатиот е предвесник и порака на радоста на нашата напатена земја: скршено срце, души на работ на очајот, огромна поворка на страдаа, несреќи, фрлени и отфрлени. Неговото воскресение е порака: Страданието на нашето срце, тело и дух има и треба да има своја голема и длабока смислам свој радосен крај што не свршува. Страдалникот на крстот, запечатен гроб, Воскреснатиот Господ довикува до сите што се на крстот, во гробот: Ве чека живот – воскресение.

На крајот од својата проповед епископот Стојанов рече: Воскреснатиот е посилен и од смртта и од гревот, од тој неотстранлив товар за нас. Сите што веруваат во Него – колку и да се лоши и проклети – можат да бидат добри и свети. Црквата затоа нѐ повикува во овие денови нашата душа да нурне во Исусовите голготски страданија, да заплива во реката на пролеаната крв негова и тогаш да исплива на нов живот: света, светла, чиста, бела препородена, воскресната, ослободена од гревот, злото, земското – бела, светла како бел, светол лик на Воскреснатиот. Честит празник воскресение Христово – Христос воскресе!

к.мк

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот