Папата и претседателот Зеленски разговараа телефонски

Папата и претседателот Зеленски разговараа телефонски

Украинскиот претседател се обрати пред италијанскиот парламент по телефонскиот разговор со папата Фрањо.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето пред италијанскиот парламент преку видео врска на 22 март 2022 година се осврна на телефонскиот разговор со папата Фрањо, како што истакна Зеленски, имал многу важни зборови.

Разговорот се одвиваше додека војната – опишана од Папата во неделата како „нечовечка“ и „светогрдна“ – и понатаму ескалира.

Зеленски зборуваше во италијанскиот парламент преку видео-врска, истакнувајќи дека неговата земја е на работ на преживување на војната со Русија и го повтори својот апел за воведување повеќе санкции кон Кремљ.

Своето обраќање во парламентот го започна осврнувајќи се на разговорот кој го имаше со папата Фрањо и како што рече Зеленски, тој упати многу важни зборови. Од своја страна, Зеленски рече дека разговарал со Папата за отпорот на украинскиот народ – кој, гледајќи го злото, стана војска, рече Зеленски.

Украинскиот претседател за разговорот со Папата напиша и на Твитер. Тој на својот официјален профил напиша: „Разговарав со @Pontifex (профил на папата Фрањо). На Неговата Светост му кажав за тешката хуманитарна ситуација и блокадата на хуманитарните коридори од руските војници. Би била ценета посредничката улога на Светиот Престол за ставање крај на човечкото страдање. Се заблагодарив за молитвите за Украина и за мир“.

Украинскиот амбасадор во Светиот Престол, Андриј Јураш, исто така, на Твитер ја објави веста за разговорот на Папата и Зеленски, додавајќи дека Папата се моли и прави сѐ што е можно за да се стави крај на војната. Според амбасадорот, Зеленски му рекол на Папата дека Неговата Светост е најочекуваниот гост во Украина.

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко веќе го покани Папата да го посети градот. Светиот Отец одговори на неговото писмо, како што потврди директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, повторувајќи ја својата близина со страдањата на градот, неговите луѓе, оние кои мораа да бегаат и оние кои се повикани да управуваат со него.

Ова не е прв пат Папата и претседателот Зеленски да разговараат телефонски. Два дена по руската инвазија, на 26 февруари, Папата изрази длабока тага до претседателот за трагичните настани во земјата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот