Конференција: Од Populorum progressio до Laudato si

Конференција: Од Populorum progressio до Laudato si

Меѓународна конференција „Од Populorum progressio до Laudato si. Работата и работничкото движење во центарот на интегралниот човеков развој, одржлив и взаемен. Светот на работата да продолжи и понатаму да биде клучот за развојот во глобалниот свет,“ ќе се одржи во организација на ватиканската дикастерија за промовирање на интегрален човеков развој на 23 и 24 ноевмри 2017 година, во новата синодална сала во Ватикан.

Целта на конференцијата е да отвори простор за расправа и размислување за проблематиката на работата и за прашањата кои се однесуваат на стручните работи во моменталните општествени структури, сметајќи на придонесот од синдикалните движења за продлабочување на тие теми кои ќе учествуваат на таа конференција. Во фокусот на конференцијата ќе биде наследството на социјалната наука на Црквата која се занимава со темата за работата и можностите кои произлегуваат од неа, анализата на општествената реалност во брзиот развој; повторното пронаоѓање и прикажувањето на позитивните искуства; и предлози за заеднички ангажман во корист на градењето на општества кои го ставаат човекот и неговото достоинство во центарот на општествениот дневен ред, јавните политики и интегралниот човеков развој кои реално се протега на материјалната и духовната димензија.

Конференцијата исто така ќе настојува да ја продлабочи науката на Црквата за енцикликатата Populorum progressio на блажениот Павле VI, по 50 години од нејзиното објавување, сѐ до Laudato si на папата Фрањо, во која Светиот Отец напиша: „Работата е потребна, дел од смислата на животот на ова земја, пат на созревање, на човечкиот развој и личното остварување.“

На првиот ден од конференцијата на учесниците ќе им упатат збор за добредојде претставници на ватиканската Дикастерија за промовирање на интегрален човеков развој и водителот на социјалниот пасторал во Буенос Аирес и синдикален водач отец Карлос Акапуто, а на говорите на кардиналот Петер Турксон, префект на Одделот за интегрален човеков развој и Гај Рајдер директор на Меѓународната организација на трудот, ќе им претходат презентации за насоките на подготвителниот документ кој ќе послужи како основа за анализа на сесијата. После тоа збор ќе добијат претставници на главните италијански синдикати, претседателот на Европската конференција на синдикати, разни стручњаци и претседатели на синдикални здруженија од целиот свет.

Освен преставници на Светиот Престол и ватиканската Дикастерија за промовирање на интегрален човеков развој, на конференцијата ќе учествуваат различни претставници на главни регионални и меѓународни синдикални движења, стручњаци од подрачјата на општествените науки, делегации од 40 земји, претставници на христијански работнички движења и претставници на Меѓународната организација на трудот, а средбата на учесниците со Светиот Отец ќе се одржи на крајот од конференцијата, на 24 ноември.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот