Папата: Да се биде со сиромасите е Евангелие, а не комунизам

За земјата, домот и работата говореше папата Фрањо пред учесниците на меѓународната средба на народните движења, кои во вторник 28 октомви ги прими во аудиенција. Папата рече дека треба да се зајакне демократијата, да се победи гладот и војната и на сите да им се загарантира достоинството, посебно на сиромасите и маргинализираните.

Се очекуваше таков говор од папата Фрањо, кој секогаш е близок на заедниците „картонероси и кампесиноси“. Папата истакна дека народните движења денес се соочуваат „со разорнувачките факти на паричната моќ“, додавајќи дека „соблазната од сиромаштвото не се победува поттикнувајќи стратегии кои сиромасите ги претвораат во вдомени и безопасни битија“. Исус таквите би ги нарекол дволични, бидејќи не сакаат сиромасите да си ги остварат своите права, истакна Светиот Отец.

Кога зборувам за тие работи, на некои им изгледа дека Папата е комунист. Не сфаќаат дека љубовта кон сиромасите е во центарот на Евангелието. Земјата, домот и работата се „свети права“, тоа е социјалната наука на Црквата. Обраќајќи се пак до „кампесиносите“, рече дека тоа што милиони луѓе страдаат од глад е злосторство, а „финансиската шпекулација ја одредува цената на храната, изедначувајќи ја со останатата роба з апотрошувачка“ и ги поттикна да се борат за достоинството на руралните семејства.

Обраќајќи се до бездомниците, Папата рече дека живееме во „големи, модерни, зли и мрачни градови“. Тие градови се за среќно малцинство, а илјадници наши ближни, вклучувајќи ги и децата немаат кров над главата. Во светот на неправда, изобилува еуфемизмот поради кој некоја бедна личност едноставно се нарекува „личност без постојано живеалиште“. Често позади еуфемизмот се сокрива злосторство, истакна Папата, а потоа ги пофали градските управи кои се посветуваат на урбаната интеграција.

Говорејќи, пак за сиромаштвото, рече дека најголемо сиромаштво е она кое не овозможува заработувачка за секојдневен леб, кој овозможува достојна работа. Папата потсети на младите без работа, додавајќи дека таквата состојба не е неизбежна бидејќи е последица на економскиот систем, кои на прво место го ставаат профитот и потрошувачката. Рече дека сите имаат право на достојна плата и на социјална сигурност. Овде има и „картонороси“, патувачки продавачи, рудари, „ кампесиноси “, на кои им се негира правото на работа, правото на соблазнување; затоа својот глас сакам да го соединам со вашиот и да ве подржам во вашата борба, истакна Светиот Отец.

Осврнувајќи се на односот помеѓу екологијата и мирот, нагласи дека проблемот се однесува на сите и дека за него не можат да одлучуваат самите политичари. Папата повтори дека е во тек „Третата светска војна“, кој се води во поединечни делови од светот. За да се одржат некои економски системи мора да се води војна. Има премногу страдања и разорувања, премногу болка. Денес по целата земја, во сите народи, во секое срце и народно движење се упатува молитва за мир: Никогаш повеќе војна, рече Папата, додавајќи дека подготвува енциклика за екологијата.

Прашувајќи се зошто во светот постојат тие проблеми, Папата одговори дека тоа е последица што светскиот поредок го исфрли од центарот човекот и на негово место го стави профитот, односно парите. Светот го заборави Бог Отецот, стана сираче бидејќи го отстрани Бог. Папата ги поттикна народните движења на промени во сегашниот систем, на изградба на поинакви структури. Тоа треба да се прави достоинствено и разумно, упорно без насилство. Ние христијаните имаме убава програма: Блаженствата и 25 поглавје од Евангелието според Матеј, заврши Светиот Отец.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот