Папата Фрањо: Чудата произлегуваат од разликите, а не од униформноста

Папата Фрањо: Чудата произлегуваат од разликите, а не од униформноста

Во петок, 24 ноември, папата Фрањо ги прими во аудиенција учесниците на состанокот на универзитетските капелани и пасторални работници, повикувајќи ги да ги ценат разликите на секој студент, нудејќи им ја Божјата близина за да се случат чуда.

Во петокот, 24 ноември 2023 година, папата Фрањо се сретна со учесниците на состанокот на универзитетските капелани и пасторални работници, а во организација на ватиканската Дикастеријата за култура и образование.

Во своето обраќање Папата ја истакна важноста на црковната пасторална грижа за студентите и универзитетскиот персонал. Тој ја изрази својата благодарност за нивната избрана тема – „Кон повеќеслојна визија“ – истакнувајќи дека тоа е слика блиска до неговото срце.

Настанот се одржа на 10-годишнината од Апостолскиот поттик на папата Фрањо Evangelii gaudium, во кој тој повикува пасторалната грижа на црквата да го преземе моделот на полиедар, тродимензионално геометриско тело со рамни полигонални страни, прави рабови и остри агли.

Семе посеано од Бога

Светиот Отец се осврна на таа слика за да се фокусира на три аспекти на пасторалната грижа на студентите: почитување на различностите, внимателно следење и храбро делување.

Истакнувајќи дека полиедарот има остри агли како што понекогаш има самата реалност, Папата рече дека сложеноста на формата е всушност основата за нејзината убавина.

Нагласи дека полиедарот ја рефлектира светлината со различни тонови и степени, притоа произведувајќи и различни нијанси.

Да се има повеќеслојна визија, рече Папата, осврнувајќи се на пасторалната грижа, подразбира вежбање за да ги сфатиме и цениме различните нијанси.

Образованието, додаде Светиот Отец, е вистинско послание, во кое се прифаќаат поединци и ситуации, со сите нивни светла и сенки, како некој вид „родителска љубов“.

Почитувањето на различноста го поттикнува растењето на семето што Бог го посеал во секој човек – рече Папата.

Изворот на чудата

Осврнувајќи се на потребата од посветено придружување на студентите, папата Фрањо ги повика пасторалните работници да бидат внимателни на хаотичните мисли, желби и чувства на младите, кои им се доверени.

Ако ги отстраниме рабовите и ги избришеме сенките на геометриското тело, ќе го сведеме на рамна фигура, без ширина или длабочина, истакна Папата, додавајќи дека ако мудро го цениме поради она што е, можеме од него да направиме уметничко дело.

Господ, продолжи Светиот Отец, ни нуди го моделот „да се умее со грижите“, она што го извлекува најдоброто од луѓето, грижејќи се за нивните најкревки и помалку совршени аспекти.

Грижете се за учениците, не барајте веднаш резултати, туку со сигурна надеж дека, кога ќе ги придружувате и ќе се молите за нив, ќе никнат чуда, нагласи папата Фрањо.

Храброст да се надминат борбите

Светиот Отец ги повика универзитетските капелани да дејствуваат храбро додека настојуваат да ја негуваат радоста на Евангелието во универзитетската средина.

Истакнувајќи ја храброста на Марија во нејзиното прифаќање на Божјиот повик да го роди Неговиот Син, Папата рече дека работата на пасторалните работници вклучува да се помага на луѓето да ги надминат внатрешните борби, фокусирајќи се на она што е најважно во животот.

Храброста ни овозможува да ги премостиме и најдлабоките бездни, како што се стравот, неодлучноста и алибито кои не спречуваат да дејствуваме и кои поттикнуваат недостиг на посветеност, истакна Римскиот бискуп.

Размена на ресурси

На крајот Светиот Отец изрази благодарност за меѓусебната великодушност искажана на средбата.

Рече дека финансиски придонеле повеќе универзитети и поединци помагајќи и овозможувајќи им на сиромашните да посетуваат настава, кои не би можеле да го сторат тоа поради немање средства.

Тоа е начинот, кој нѐ потсетува дека сме си потребни еден на друг, заврши Папата, посочувајќи дека секогаш имаме нешто вредно да понудиме.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот