Ангел Господов: Со Божја добрина, да мислиме на последните и на оние кои се далеку од божиќната радост

Ангел Господов: Со Божја добрина, да мислиме на последните и на оние кои се далеку од божиќната радост

Во своето пладневно обраќање, на Бадник, недела 24 декември 2023 година, папата Фрањо се осврна на дел од евангелието според Лука во кое ангелот Гаврил и објаснува на Марија дека Духот ќе слезе врз неа и дека на тој начин таа ќе го зачне Синот Божји и истакна дека Бог делува како нежна љубов која прифаќа, оплодува и штити, без насилство, без нарушување на слободата; поттикна да го правиме истото со прифаќање, заштита и почитување на другите.

Светиот Дух ќе слезе врз тебе и силата на Севишниот ќе те осени – вака ангелот Гаврил и објасни на Марија за начинот на кој таа ќе го зачне Исус. Тоа е опис – објасни папата Фрањо во своето пладневно обраќање во четвртата недела од Адвент, објаснувајќи го Божјиот начин на дејствување, неговото дејствување како нежна љубов која прифаќа, оплодува и зачувува, без да врши насилство, без да ја нарушува слободата. Сликата на такво „осенување што штити“ се повторува неколку пати во Библијата – потсети Светиот Отец гледајќи од прозорецот на Апостолската палата на плоштадот Свети Петар, каде што се собраа околу петнаесет илјади верници.

Имено, осенувањето зборува за Божјата добрина. Како да ѝ вели на Марија, но и на сите нас денес: „Тука сум за тебе и се нудам како твое прибежиште и засолниште: дојди под мојата сенка, биди со мене“. Браќа и сестри, вака плодно се однесува Божјата љубов.

Да се грижиме за другите дискретно

Оваа љубов можеме да ја искусиме и меѓу себе – истакна Папата и додаде: На пример, кога сме нежни со пријателите, свршениците, сопружниците, родителите и децата и кога ги почитуваме, кога со љубов се грижиме за другите.

Бог љуби толку многу и нè повикува да го правиме истото: прифаќање, заштита и почитување на другите. Мислејќи на сите, мислејќи на оние кои се маргинализирани, на оние кои овие денови се далеку од божиќната радост. Да мислиме на сите со Божја добрина. Запомнете го тој збор: Божја добрина.

Отворени за Бога

Затоа, да се запрашаме на Бадник – поттикна Светиот Отец – дали сакам да дозволам да ме осени Светиот Дух, Божјата нежност и благост, Божјата добрина, да му дадам место во моето срце, да пристапам на неговото простување и Евхаристијата? Освен тоа, за оние кои се осамени и сиромашни може да биде освежувачка сенка, утешно пријателство? – охрабри папата Фрањо и на крајот потенцирајќи дека Бог со благост доаѓа да не спаси, ја повика Марија да ни помогне да бидеме отворени и срдечни кон Господа.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот