Папата Фрањо: Дијалог и прифаќање за Медитеранот

Папата Фрањо: Дијалог и прифаќање за Медитеранот

Папата Фрањо на 21 јуни 2019 година од Наполи упати силен апел за теологијата на прифаќање, втемелена на дијалогот и навестувањето, која придонесува за изградба на братско општество меѓу народите на Медитеранот. Со неговото излагање заврши собирот одржан на Папскиот теолошки факултет на Јужна Италија, на тема: Теологијата после ‘Veritatis gaudium’ во контеккт на Медитеранот.

Навестување, дијалог, расудување, милосрдие, формирање „мрежа“ меѓу установите, универзитетите, религиите – криетериуми кои треба да ја вдахновуваат теологојата на прифаќање, обновена теологија во смисла на мисионерска Црква, како луѓето би можеле „на сопствен јазик“ да го слушнат одговорт во барањето на полниот живот. Оцртувајќи го тој пат Папата гледа најмногу на Медитеранот, кој од секогаш бил место на размена, а понекогаш и на судири, и кој постаува често пати низа драматични прашања. За соочување со нив е потребен веродостоен и искрен дијалог во поглед на изградбата на мирен соживот меѓу луѓето од различни религии и култури.

Папата во својот говор на некој начин даде одговор на прашањето кое беше во центар на разговор на овој собир, односно како теологијата денес може да се обнови. Јасна е важноста на Апостолската кноституција од 2017 ‘Veritatis gaudium’, која во теолошките и црковните студии сака да втисне обнова во смисла на Црква која е во излегување. Важно е – потсети Папата – теолозите да бидат мажи и жени на сомилост, погодени од трпењето на бројните сиромашни поради војните и насилствата. Станува збор значи за тоа патот да се продолжи во друштво со бројни луѓе, кои преживеале бродолом, охрабрувајќи го населението на Медитеранот да го одбие секое искушение за освојување и идентитетска затвореност – истакна Папата, појаснувајќи дека треба да се започнат постапки, а не да се заземаат простори.

Теологија – поимот Црква како полска болница

Папата на почетокот од говорот упати силен повик до сите да започнат од Евангелието на милосрдие – како што рече – теологијата се раѓа меѓу конкретни луѓе кој со љубов го бараат Бог. Потоа спомнувајќи си на сопствените зборови кои еднаш ги упати на Теолошкиот факултет во Аргентина, рече дека и добрите теолози, како и добрите пастири, се присутни меѓу народот и улиците, со своето размислување ставаат масло и вино на раните на луѓето. Теологијата нека биде одраз на Црквата која е „полска болница“, кога го живее своето послание за спасние и оздравување на светот – истакна Папата.

Дијалог и керигма

Како студиите би се обновиле во правец на теологија на прифаќање, темелите се керигмата, односно навестувањето на умрениот и воскреснат Христос и веродостоен  дијалог, во служба на Црквата која не треба да ги става во центар апологетиката или прирачниците, туку евангелизацијата, која пак не значи прозелетизам – истакна папата Фрањо. Истоа така и дијалогот како метода за расудување и навестување – додаде Папата, поттикнувајќи ги присутните да го користат и во решавање на проблемите и во барањето на решенија, како со навестување на евангелието би дале придонес во развојот на народите.

Метода на милосрдието

Осврнувајќи се и на агресивните и воинствени однесувања на колонијалната пракса, оправдување на војните и прогонства спроведени во име на религијата или желбата за расна или доктринарна чистина, папата Фрањо рече дека методата на дијалог, која го води милосрдието, може да го збогати интердисциплинарното толкување на таа жална историја.

Папата исто така потсети и на важноста за повторно размислување за традицијата, рече дека таа е корен кој дава живот и не е некој музеј. Традицијата е за развој како што е коренот за стеблото. Освен тоа, потребна е и теолошка слобода, затоа што без можноста да се испитуваат новите патишта, не се остава простор за новоста на Духот на Воскреснатиот.

к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот